• среда, 15 мај 2024
МИА Најави МКД

14 февруари 2023

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 12:00)

Скопје – Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата ќе одржи средба со Советот на Европа на Република Северна Македонија и Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права. (сала на Уставна комисија/ 12:30)

Кавадарци – Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствуваат на специјалниот настан - традиционално закројување на лозје во село Ресава, Oпштина Кавадарци. (локација: https://www.google.com/maps/place/41%C2%B023'45.1%22N+21%C2%B058'46.4%22E/@41.3958611,21.9795556,962m/data=!3m2!1e3!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.3958611!4d21.9795556  / 10:00, по завршување на официјалниот дел, предвидени се изјави за медиумите)

Скопје – Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (на платформата ZOOM, https://us06web.zoom.us/j/89962492271?pwd=T1puWm9GbW4vdnZGSnMwMWpRcGVLZz09 / 12:00)

Скопје – Прес-конференција на Црвениот крст на Република Северна Македонија во врска со испраќањето на хуманитарна помош за настраданото население во Турција. (Момин Поток/ 11:00)

Скопје – Кермес (хуманитарен базар) за солидарност со Турција. (пред Мурат пашина Џамија/ 11:00 – 16:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ќе присуствува на традиционалното закројување на лозјето во непосредна близина на црквата „Св. Трифун“. (с. Кучково, литургија во црквата „Св. Трифун“/ 9:00, закројување на лозје/ 11:00)

Кавадарци – Вински музеј Кавадарци со уметност, музика и дегустација на вино ќе го одбележи ,,Свети Трифун". (Вински музеј/ 13:00)

Скопје – Концерт  „Љубов и вино за прегратка". (поткровје во Јавна соба/ 20:00)

Рим – Свечена проекција на филмот „1000 години Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во режија на Илија Ико Каров. (во Понтификалниот Институтот за Ориентални студии)

Скопје – Отворање на изложбата на уметничкиот проект „Човеколики неволји“, партиципативен уметнички проект инициран од Ивана Мирчевска. (КСП „Центар – Јадро“/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан