• недела, 19 мај 2024
МИА Најави МКД

27 октомври 2023 

Скопје - Со Втората сесија посветена на правда, на која ќе се дебатира на теми „Владеење на правото и судски реформи“ и „Напредок во заедничките активности во врска со руската воена агресија врз Украина“, продолжува Министерскиот форум ЕУ - Западен Балкан за правда и внатрешни работи. (Собрание на РСМ/9:00)

- По завршувањето на сесијата, заедничка прес-конференција ќе одржат еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс и министрите за правда на Кралството Шпанија и на Република Северна Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога.(12:00)  

Скопје – Седница на собраниската Комисија за деловничка и мандатно-имунитетни прашања. (Сала 6/ 10:00)

Скопје – Седница на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (Сала 5/ 12:00)

Дојран - Премиерот Димитар Ковачевски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, амбасадорот на Словенија Грегор Прескер и градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов, ќе присусвуваат на почетокот на санација и реконструкција на колекторски систем и нова пречистителна станица во Дојран. (Плоштад „Под Јаворите“ во Стар Дојран/11:00)

Хелсинки – Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе престојува во официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен.

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе го потпише договорот за ангажирање на консултатнтска фирма за изработка на физибилити студија и основен проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје. (сала за состаноци во МЗШВ/13:00)

Скопје - Изјави на претседателите на Алтернатива, на Беса и на Демократско движење, Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити. (кафуле „Мон Фрере“, Стара скопска чаршија/11:00)

Скопје – Презентација на студентски преводи од чешки, од руски и од полски јазик во организација на Катедрата за славистика. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за седници/ 12:00)

Велес – Прес-конференција на извршниот директор на  АД „Кристал 1923“, Горан Лазов и на земјоделци од Свети Николе, Прилеп и Битола.  (фабрика „Кристал 1923“ АД Велес, ул. „Алексо Демниевски“ бр. 18/ 11:00)

Скопје – По повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство граѓаните кои ќе ја посетат Кинотека на Северна Македонија во периодот од 11 до 15 часот ќе добијат бесплатни изданија – печатени и ДВД изданија на Кинотеката, како и организирана тура низ просториите и депоата на институцијата која се грижи за националното аудиовизуелно, односно филмско наследство, а дел од изданијата на Кинотеката ќе добијат и посетителите на филмските проекции на македонските филмови „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“ (2023, р. Марјан Гавриловски) и М (2023, р. Вардан Тозија) од 18:00 часот и 20:00 часот.

Скопје - Промоција на книгата „Договорите со Бугарија од 2017 и 1947 година и Планот за обединувањето на Пиринска Македонија со Народна Република Македонија“ од Јанко Бачев. (х. Континентал/12:00).

Скопје – Изведба на операта „Травијата“. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – Прес-конференција по повод премиерата на претставата „Домот на куклата“ од Лукас Хант во изведба на НУ Турски театар. (простории на Театар Комедија/ 14:00)

Струмица – Четврто издание на „Добри гости“ – серија книжевни гостувања. (Europe House - Струмица/ 19:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан