• среда, 01 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

 

13 мај 2023

 

Охрид – Прес-конференција на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО. (х. „Инекс Олгица“/ 11:00)

 

Гостивар – Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари ќе присуство на еколошката акција „Општо чистење за викенд“. (пред објектот на Општина Гостивар/ 10:30 – 12:30)

 

Тетово – Втор натпревар за едукативна роботика, наменет за деца на возраст од 6 до 10 години - FIRST LEGO League Explore (FLLE), за кој регионален партнер е „Академија за роботика и иновации“ од Скопје. (во просториите на ПСУ „Јахја Кемал“/ 10:00)

 

Скопје –  Добротворен „Семеен фестивал“ во организација меѓународните училишта НОВА. (во училишниот кампус/ 11:15)

 

Скопје –  „ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“ - дефиле на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот. (поаѓање на велосипедистите од велосипедската патека на кејот кај х. „Холидеј ин“/ 11:00 и на мотоциклистите од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк/ 11:30, двете групи ќе се сретнат на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ каде изјави за медиумите ќе дадат Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП/12:00)

 

Скопје – Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир ќе присуствува на пикник исполнет со забава во паркот Гази Баба под слоганот „Иднината не поврзува!“ во организација на Europe House по повод Денот на Европа. (12:00)

 

Скопје – Премиера на претставата „Кафез кај кокони“. (Драмски театар Скопје/ 20:00)

 

Струга – Премиера на „Петар Пан“ во изведба на драмското студио „Миладин“. (Центар за култура „Браќа Миладиновци“/ 19:30)

 

Скопје – 20. Јубилејно издание на детскиот фестивал „Поточиња“. (Филхармонија/ 11:00; 13:00 и 19:00)

 

Скопје – Промоција на „Микрохируршка ендодонција“ од д-р Арналдо Кастелучи. (х. „Хилтон“/ 15:25 – 17:00)

 

Скопје – Промоција на стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од Марија Велинова. (кафе-книжарница „Буква“/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан