• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

 

30 март 2023

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 6/ 11:00)

Скопје – Седници на собраниската Законодавно правна комисија. (Сала 6/ 14:00 и 14:10)

Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески ќе потпишат Протокол за соработка меѓу двете институции, изработен во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. (х. „Хилтон“/ 10:00)

Скопје – Стопанската комора на Северна Македонија организира Регионална конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан - предизвици и можности“, како дел од активностите на Проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, на која ќе се обрати вицепремиерот Фатмир Битиќи, задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции. (х. „Александар Палас“, конгресна сала  4/ 11:30, изјави за медиумите пред сала 2 ќе дадат Лулзим Рафуна, претседател на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Косово и Бранко Азески, ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија/ 11:00)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија организира регионална конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан - предизвици и можности“, како дел од активностите на Проектот “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, кој се спроведува во партнерство со УСАИД.(х.Александар Палас, конгресна сала 4/ 11:30)

Брисел – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе одржи работен состанок со европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчиеховски.

Скопје – Заменик-министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство, Вјолца Бериша ќе учествува на настан по повод првата национална работилница на тема „Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан“. (х. „Холидеј ин“/ 9:00)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 84. седница. (на платформата ZOOM https://us06web.zoom.us/j/83665004836?pwd=ZGIwZUU2RFl5TExjQi8rTzdxVy9WZz09  /9:30)

Скопје – Прес-конференција на народниот правобранител Насер Зибери. (во просториите на Народниот правобранител/ 11:30)

Скопје – Состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ. (во порта „Македонија“/ 11:00, изјави пред состанокот)

Скопје – Четириесет и шеста сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка. (простории на Народна банка/ 14:00)

Скопје – Брифинг со главниот извршен директор на Македонија2025 Никица Мојсоска-Блажевска и други претставници на организацијата по повод претстојниот Самит на Македонија2025, кој ќе се одржи во Скопје на 26-27 април  годинава. (Клуб „ABC by Mosh“/ 12:00)

Скопје – Претставување на мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ од 59. Венециско биенале 2022, а изложбата ќе ја отворат министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска и директорката на Националната галерија и комесар на проектот, Дита Старова Ќерими.  (Чифте амам/ 19:00)

Скопје – „Кадифе“ со оркестарот на Филхармонија и маестралната Шерон Кам. (Македонска филхармонија/ 20:00)

Струмица – Отворање на изложбата „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми. (Европска куќа Струмица/ 13:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан