• петок, 20 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

13 април 2023

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе одржи прес-конференција за воведувањето на нови авиолинии од двата аеродроми, меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. (Медија центар, може да се следи во живо и на следните линкови: на македонски јазик https://www.youtube.com/watch?v=bLuL8DBeW-M и на албански јазик https://www.youtube.com/watch?v=Z9UXIBeegIc  /11:00)

Кавадарци – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе се обрати на настанот по повод претставување на успешните проекти поддржани во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК). (Винарија „Лазар“/ 11:00)

Скопје – Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ поддржан од National Endowment for Democracy (NED), организира панел дискусија на тема „Кои и како управуваат со институциите“. (х. „Хилтон“, сала „Платинум 1/ 10:45 – 14:30, изјави за медиумите пред почетокот на настанот/ 10:45)

Ереван – Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на средби со државниот врв на Ерменија.

Велес – Свечено одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини на кое ќе се обрати началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. (касарна „Алексо Демниевски Бауман“/ 10:00, снимателите и фоторепортери да пристигнат најдоцна пред пријавницата на касарната/ 9:40)

Скопје – Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) организира средба со медиуми на која ќе биде промовирано петтото издание на манифестацијата „Златна рамка“, филмска ревија на македонската продукција. (во Кафе МКЦ/ 11:00)

Скопје – Отворање на изложбата насловена „Кои сме ние?“. (во East Gate/ 15:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Учителот, страдањето и учеништвото“ на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов. (Уметничка галерија „Метаноја“, ул. „Максим Горки“ бр. 19/ 19:00)

Скопје – Отворање на графитот „Правдата ќе победи“, реализиран од страна на ОУ „Владо Тасевски“. (ОУ „Владо Тасевски“/ 10:30)

Крушево – Прес-конференција на Џудо Федерацијата на Република Северна Македонија по повод одржувањето на Балканското Првенство за кадети-ки на 09, 10 и 11 јуни 2023 година во Крушево. (х. „Монтана“/ 16:00)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан