• понеделник, 22 април 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

26 мај 2023

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на пратеникот Љупчо Балкоски. (Прес-центар/10:45)

Скопје – Изјави за медиуми на премиерот Димитар Ковачевски и демократскиот сенатор Крис Марфи. (медија центар на Влада/ 11:00, https://www.youtube.com/watch?v=wXxAuMFPmHQ; албански јазик:  https://www.youtube.com/watch?v=dmFhRXgQYbc и англиски јазик: https://www.youtube.com/watch?v=8Z-25z2-Km0 

Скопје – Седница на работната група за  подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот. (Влада на РСМ/ 10:00, по завршување на седница изјава за медиуми ќе даде претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска)

Скопје – Началникот на Штабот на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО за операции, адмирал Јоаким Риле ќе престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.  

Скопје – Медија брифинг по повод шестото издание на МЕФ - Македонски Енергетски Форум. (х. „Хилтон“/ 09:00)

Скопје – Брифинг на директорката на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, Антје Вандепт  на тема германско-македонските стопански односи. (ресторан „Лира“, ул. „Никола Тесла“ 11/ 10:00)

Штип – Прес-конференција на Универзитетот „Гоце Делчев“ по повод актуелната дигитална транзиција и идните активности. (тренинг центар, поранешен Универзитетски ресторан/ 11:00)

Крушево – Евроамбасадорот Дејвид Гир во рамки на „ЕУ со ТЕБЕ“ ќе ја посети општина Крушево. 

- прес-конференција на евроамбасадорот и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски на која ќе биде презентиран проектот финансиран од ЕУ „Крушево и Елбасан – признати СВ туристичка дестинација“. (пред ОУ „Никола Карев“ 10:45)

- изјави на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и на градоначалникот Томе Христовски (на полетувалиштето Мечки Камен/ 13:00)

- амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир ќе присуствува на отворањето на манифестацијата „Крушево – град на културата„ 2023“ (пред споменикот „Македониум“)

Скопје – Јавна дебата „Зошто да волонтирам?“ како дел од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата, поддржан од ЕУ. (Europe House/ 11:00 – 13:00)

Битола – Прес-конференција на ректорот на УКЛО, Игор Неделковски. (Ректорат/ 12:00)

Скопје – Герила акција во пресрет на 28 Мај – Светскиот ден на менструалната хигиена. (Градски парк, наспроти официјалниот влез во Град Скопје/ 12:00)

Битола – Изложба „Македонија памети, никогаш да не се повтори“ во организација на Државниот архив и Институтот за национална историја. (Офицерски дом/ 12:00)

Скопје – Свечено отворање на манифестацијата „Денови на шпанската литература“. (Друштво на писатели на Македонија, свечена сала/ 11:00)

Скопје – Изведба на „Реквием“ од Џузепе Верди во рамки на фестивалот „Мајски оперски вечери“. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – Доделување на признанија и пригодни стилизирани значи на добитниците на наградата „Златен објектив“ за анитамторката Тонкица Митровска и филмскиот композитор Љупчо Константинов. (Кинотека на Северна Македонија/ 12:00)

Приштина – Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ гостува на седмиот Интернационален театарски фестивал „Приштина 2023“. 

Гевгелија – Изведба на претставата „Табу република“ на кореографот Бобан Русески, во продукција и изведба на Скопје танцовиот театар. (Народен театар/ 20:00)

Темишвар – Претставата ГЛУМиЦИ во продукција на Артопија ќе биде изведена на фестивалот TESZT.

Гевгелија – Промоција на книгите „Со зрно сол. И парче Локум“ и „Кога Татковината станува чедо, а вистината борба“ на Васко Шутаров. (х. „Аполонија“/ 20:00)

Скопје – Во рамки на четвртото издание на „Скопски Градски Фестивал“ Баги Комуникации организира изложба на македонски музички плакати. (во Галерија МКЦ/ 20:00)

Скопје – Трето издание на „Добро утро креативци 3.0“ - Саем за размена на креативни искуства и размисли. (Центар за иновации и дизајн „Јавна соба“/ 18:30)

Скопје – „Партиципативна забава“. (КПЦ Центар – Јадро/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан