
10 април 2025
Скопје - Продолжува официјалната посета на Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседателка на Државниот збор на Република Словенија.
- Претседателката Сиљановска-Давкова ќе ја прими Уршка Клакочар Зупанчиќ. (Вила Водно 10:30)
- Средба на Уршка Клакочар Зупанчиќ, со Антонијо Милошоски, претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на РСМ и со членовите на групата. (Сала на Уставна комисија/11:30)
- Средба на Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието на РСМ со Уршула Зоре Тавчар, генерална секретарка на Државниот збор на Република Словенија. (Струшка сала/11:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Скопје - Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање. (10:00)
Скопје - Министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока ќе одржи отворено предавање на Универзитетот Скопје и ќе биде дел од дебата на која ќе присуствуваат заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, поранешниот вицепремиер за европски прашања проф.д-р Васко Наумовски, и амбасадорот Марјан Ѓорчев. (Универзитет Скопје, амфитеатар/14:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на промоцијата на новата Стратегија за образование на возрасните 2025-2030. (во Музејот на македонската борба за самостојност/ 12:30)
Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ќе одржи прес-конференција по повод објавувањето на пакетот повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“. (Влада, медија центар/11:30, пристигнување на медиумите/11:15)
Прилеп - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе престојуваат во работна посета на Општина Прилеп. (предвидени се изјави за медиуми во манастирскиот комплекс „Трескавец“/13:30)
Скопје - Панел-дискусија насловена „Влијанието на зголемувањето на капитацијата врз примарната здравствена заштита“ со учество на: Сашо Клековски, директор на ФЗОМ, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директор на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, д-р Лили Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари и Лоран Страшевски, матичен стоматолог. (во Медија центарот на Владата/12:00, настанот ќе се емитува на „Јутуб“ каналот на Влада)
Битола - ЈУ Национален парк „Пелистер“ организира јавна дискусија за изработка на студија за развој на туризмот на Пелистер. (Општина Битола/10:00)
Скопје - Отворање на Центарот за поправки „Ништо ново“ во организација на АРНО и Општина Кисела Вода. (Центар за поправки „Ништо ново“, Ѓорѓи Сугаре 14, Кисела Вода/11:00)
Скопје - Промоција на првиот број од студентското стручно списание – Iustinianus Primus Student Law Review, издание на студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. (Правен факултет „Јустинијан Први“, читална/13:00)
Скопје - Премиера на документарниот филм ШАБАН БАЈРАМОВИЌ - Моето патување. (Cineplexx/20:00)
Скопје - Музичко - поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. (Филхармонија, камерна сала/20:00)
Софија - Концерт на Исмет Вејсели (вокал – тенор), Алба Зеќири (виолина) и Шкељзен Бафтиари (пијано). (КИЦ на РСМ, ул.„Обориште“ 7/18:30)
Скопје - Презентација на поетската збирка на Сашо Гигов Гиш – „INDUCTA CAUSA / Осуђен у одуству" во издание на Scero Print од Ниш организира СПОНА - Српскиот културно - информативни центар. (во МКЦ/20:30)
_________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***