25 јуни 2025
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба до Делегацијата од Меѓупарламентарната група за пријателство Туркије – Северна Македонија, на Големото турско национално собрание, предводена од претседателот Ахмет Килич. (Сала на Влада/9:15)
Скопје - Проштална посета на амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џеин. (Стар кабинет/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 6/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/12:45)
Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 4/13:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерот за здравство, Азир Алиу ќе ја посетат Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. (11:30)
Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе одржи прес-конференција по повод одбележувањето на една година од формирањето на Владата. (Медиа центар на Владата/13:00)
Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе ја посети Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. (Простории на Комисијата, ул. „Даме Груев“ бр 1/12:00)
Скопје - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ќе одржи прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството, на која ќе биде презентиран преглед на сработеното, тековните проекти и стратешките приоритети во областа на енергетиката, рударството и управувањето со минерални суровини. (Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини 8 кат - прес сала/10:00)
Скопје - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе одржи брифинг со новинари. (Министерство за здравство, горна сала/9:00, поради форматот на брифингот без присуство на сниматели и фотографи)
Скопје - Седница на Уставниот суд. (09:30)
Скопје - Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, ќе оствари работна средба со претставници на банките во Македонската банкарска асоцијација (МБА). (Простории на МБА,ул. Орце Николов 75, во зградата на Македонска берза/11:00, изјава за медиумите пред почетокот на средбата, пo што снимателите ќе имаат можност за видео инсерти од состанокот, пристигнување на медиумите/10:30)
Скопје - Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ќе одржи прес-конференција. (прес-центарот на Собрание/11:00)
Скопје - Институтот за акредитација на Република Северна Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на акредитацијата. (х.„Александар Палас“, Конгресна сала 3, со почеток во 11:00)
Скопје - Одбележување на почетокот на продажбата на хартии од вредност по пат на иницијална јавна понуда во организација Компанијата СВОД МАСТЕР АД. (Простории на КоВорк 21/12:00)
Охрид - Информативен ден за Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. (Сала на Општина Охрид/10:00, изјави за медиуми пред настанот)
Скопје - Центарот за семеjно и детскo згрижување - КМОП Скопје, во партнерство со Првата детска амбасада во светот Меѓаши, ќе одржат завршна конференција „Растеме заедно: достигнувања, искуства и идни чекори“. (Europe House/9:00)
Скопје - Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ќе одржи прес-конференција. (Прес-центар на Собранието/11:00)
Битола - Мултимедијален саемски фестивал на книгата „Критична маса“. (Офицерски дом/19:30)
Скопје - Средба со новинари по повод 7. издание на филмската ревија „Златна Рамка“. (МКЦ/12:00)
Загреб - Отворање на изложбата „Рефлексии“ на академските уметници Бурим Укиќи, Агрон Абдули и Берат Бекири и концерт СОПРАНИСИМО кој ќе настапат македонските уметници - сопранистката и солистка во Македонската опера и балет, Злата Тошевска Димовска и пијанистката, Маја Божиновска. (КИЦ/19:00)
Скопје - Отворање на изложба, курирано водење и разговор „Парадоксот на Грејсленд: навигирајќи ја неизвесноста / Graceland Paradox: Navigating Uncertainty“. (Музеј на современа уметност во Скопјe/20:00)
Скопје - Премиера на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“. (Национална опера и балет/20:00)
Скопје - Во рамки на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, ќе биде отворена самостојната изложба на Шќипе Мехмети „The artist and the city“. (Галерија „Ко-ра“/салон ЗЕЛЕН ПОКРИВ/19:30)
_____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***