• сабота, 04 мај 2024
МИА Најави МКД

26 септември 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/12:00)

Скопје - Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе ги одржи 68-та и 69-та седница. (Сала „Борис Трајковски“/12:00/13:00)

Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 4/14:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија/10:00)

Скопје -  Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во работна посета на Република Словенија.

Скопје -  Министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец во официјална посета на Северна Македонија. (Министерството за одбрана/09:00, пристигнување на медиуми во 08.40)

- официјалната церемонија за пречек на министерот Шарец (МО/09:00)

- потпишување на нов договор за билатерална одбранбена соработка (МО/09:35)

- билатералните разговори помеѓу македонската и словенечката делегација (МО/09:45)

- прес-конференција на министрите Петровска и Шарец (Клуб на пратеници/10.45, пристигнување на медиумите до 10.30 часот)

- панел-дискусија на тема „Научени лекции, споделени искуства и идни предизвици на кризниот менаџмент и цивилната заштита: Словенија и Северна Македонија“ (Клуб на пратеници/11:00)

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, Штефан Худолин, раководител на Сектор операции од Делегацијата на ЕУ и Алмира Џембула, заменик министерка за туризам и животна средина на  Албанија ќе присуствуваат на настан на Форумот за граѓанско општество на Берлинскиот Процес за Клима и Зелена агенда на тема „Инвестиции во зелена инфраструктура“. (х.„Хитлон“/9:30)

Тирана - Министерот за економија Крешник Бектеши учествува на министерскиот форум „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ во рамки на Берлинскиот процес. 

Скопје - Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ERI SEE организираат „Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование“. (х.„Хилтон“/9:30)

Скопје - Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска ќе се обратат на завршна конференција за користење на новите дигитални алатки на ССМ преку процесот на дигитализација на синдикализмот. (зграда на ССМ, 6 ти кат/14:00)

Скопје  - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и на координаторот на Турска агенција за соработка и координација ТИКА,  Мехмед Бајрак,  по повод  отворање на нова сензорна соба во ОУ „Киро Глигоров“. (ОУ „Киро Глигоров“/10.00) 

Скопје - Затворање на изложбата „Арт-турнеја“ на Народниот музеј на Србија во Музеј на град Скопје. (19.00) 

Скопје - Дискусија „Отворени прашања за изборното рекламирање со државни средства“ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС). (х.„Панорамика“/11:00)

Скопје - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ќе одржи дебата на тема „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“. (Клуб на новинари/12:00)

Скопје - Претставување на активности по повод Ден за донирање. (Индиго/13.00) 

Штип - Работилница за изработка на стрипови по повод американскиот национален ден на стрип-публикациите. (Американско катче/12:00)

Скопје - Прес-конференција на лидерите од Демократско движење Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши. (пред МРТВ/13.00

Битола -  ИФФК „Браќа Манаки“ – програма: Фестивалска прес конференција (Офицерски дом / 11:00) - Мастер клас со Питер Бижу (Кино Манаки / 12:30

Скопје - Отворање на изложбата „Портрет Карикатура на Мајка Тереза и добродетелта“ на карикатуристот Агим Красниќи. (НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-17:00)

Скопје - Промоција на збирка раскази „Систем на сетилности“ од Елизабета Костадиновска Линднер. 
(Салон - Империјал 2/19:19) 

Скопје - Комеморација за актерот Владимир Ендровски. (Македонски народен театар, голема сцена/11:00)

Скопје - Потпишување на договор за спонзорство меѓу МТЕЛ, членка на групацијата Телеком Србија и Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје на кое ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, извршниот директор на КК МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски, генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ и генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лукиќ. (СЦ „Јане Сандански“, конференциска сала/13:00)

______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

 

Остани поврзан