• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави - МКД
10 јануари 2020 Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала 4/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (сала 10/11:00) Струмица - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски ќе присуствуваат на работилницата во рамки на инфо-деновите што се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020. (Дом на АРМ/11:30, изјава за медиумите/12:30) Скопје - Прес-конференција по повод доделувањето на главната награда ŠKODA KAROQ од наградната игра „Полни, патувај и добивај“ на ЛУКОИЛ Македонија. (бензинска станица на ЛУКОИЛ Македонија, населба Аеродром, бул. „Србија“ бр. 49/11:00) Охрид - Доделување благодарници за најубаво украсен новогодишен двор. (мала сала на Општина Охрид/12:00) Скопје - Прес-конференција на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија. (простории на „Даре Џамбаз“/12:00) Скопје - Претставници од ДУИ во посета на Општина Сарај: - Увид во изградба на спортска сала во Основното училиште „Сами Фрашери“ во село Глумово. (13:00) - Посета на компанијата „Еко Фарм Шишово“ во село Шишево. (14:00) - Посета на компанијата „ЈУС МБ“.(15:00) - Посета на населеното место Буковиќ. (15:30) - Средба  со жителите на Општина Сарај на која градоначалникот Блерим Беџети ќе даде отчет за сработеното. (18:00) __________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан