• петок, 29 март 2024
МИА Најави МКД

21 март 2023 

Париз - Претседателот Стево Пендаровски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе се обратат на отворањето на Меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, настан во рамки на одбележувањето на „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател. (Седиште на УНЕСКО во Париз)

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата Абдула Салиу и претседателка на Групата за пријателство Франција - Северна Македонија во Националното собрание на Француската Република Лилиана Танги ќе се обратат на Работилницата на тема Млад франкофонски парламент - едукативна активност „Имам став!“. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Собрание, Сала 6/12:00)

Скопје - Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ќе одржи прес-конференција за економските актуелности во земјава на која ќе се обрати претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.ростории на СКСЗМ, 5-ти спрат/11:00)

Скопје - Потпретседателот и советник во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора за макроекономски прашања и јавни финансии, Зоран Јовановски ќе се обрати на тема „Каква пазарна економија сакаме?“. (Стопанска комора, сала 4, 5-ти кат/12:00)

Скопје - Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 11-та седница и 2-та Јавна седница. (Простории на Агенцијата,  конференциска сала, кат/14:00, во живо на YouTube каналот на Агенцијата)

Скопје - НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.ЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија и  Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ организират свечен настан по повод 21 март, Светскиот ден на поезијата и одбележување на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.  (НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје/11:00)

Скопје - Македонскиот институт за медиуми ќе ги додели новинарските награди „НИКОЛА МЛАДЕНОВ 2022“. (Јавна соба-Public Room/12:00)

Скопје - Официјално промовирање на првата група на студентки од државните инженерски факултети, кои добија стипендии и поддршка во рамките на иницијативата Global Engineer Girls North Macedonia што започнува да ја спроведува Групацијата Лимак во партнерство со Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации во Северна Македонија. (х.„Limak Skopje Luxury Hotel“/10:30)

Охрид - АДКОМ и Јавните комунални претпријатија ќе одржат отворени Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги. (х.„Метропол“)

Скопје - Настан на тема „Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи“ во организација на Институт за напредно политичко лидерство (АЛПИ) поддржан од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) на кој ќе бидат презентирани и наодите и заклучоците од Анализата за дигитализација на услугите во високо образование што ја изготви Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП).  (х. „Панорамика“/18:00)

Скопје - Промоција на книгата насловена „Простори на љубовта“ од поетесата Сузи Тенева. (МКЦ Матица ексклузив/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата насловена „Нашата визија за Алетрнативни живеалишта во хармонија со природата“ во организација на Ј.У Дом на културата „Кочо Рацин“. (Галерија „КО-РА“/19:30) 

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан