• недела, 05 мај 2024
МИА Најави МКД

10 март 2024

Гевгелија - Претседателот Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали ќе се обратат на настан по повод завршувањето на изградбата на браната Конско. (12:00 /  Локација брана Конско

https://www.google.com/maps/place/41%C2%B010'41.1%22N+22%C2%B020'00.8%22E/@41.1782953,22.3328446,171m/data=!3m1!1e3!4m4!3m3!8m2!3d41.1780833!4d22.3335556?entry=ttu

Кавадарци - Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со Општина Кавадарци организираат отворен ден за граѓаните по повод одбележување на 75 години од формирањето на НАТО. (Плоштад во Кавадарци/ 10:00 до 14:00)

Битола -  Одбележување 81 година од холокаустот на македонските Евреи во организација на Еврејската заедница во Република Северна Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија.

- Посета на Еврејските гробишта (9:45), посета на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски (10:00), пратеничките Марија Кочовска и Олга Лозановска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола (11:00), полагање цвеќе пред Споменикот на Естреја Овадија-Мара, Здравствен дом „д-р. Хаим Абраванел“ (12:15), поворка од Здравствен дом „д-р. Хаим Абраванел“ преку Широк сокак до Железничка станица. (12:45) 

Штип - Одбележување 81 година од холокаустот на македонските Евреи во организација Еврејската заедница во Република Северна Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија.

- Посета на градоначалникот Иван Јорданов (10:00), комеморативна седница (Сала на Советот на Општина Штип / 10:30), поворка од зградата на Опшина Штип до Споменикот на депортираните Евреи од Штип (11:30), пратениците Никола Мицевски и Емилија Рамбабова ќе положат цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип (11:45), посета на Еврејските гробишта (12:30), комеморативна вечер „Детето во пругасти пижами“ – театарска претстава. (Народен театар Штип/19:00)

Куманово - ВМРО-ДПМНЕ организира деба „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“ на која ќе учествува лидерот на партијата Христијан Мицкоски. („Гарден Палас“ во населба Вера Которка/ 13:00)

Прилеп - Трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“ во организација на здружението ТРЕКС од Скопје.

_______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан