• четврток, 04 декември 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

7 септември 2025

Охрид - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски ќе присуствуваат и ќе дадат изјави на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево - Охрид (делница Климештани-Охрид). (Локација: Клучка кај Аеродром - Охрид/11:00)

Скопје - Во Националниот археолошки музеј ќе биде овторена новата постојана поставка, на која е најавено обраќање на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. (Национален Археолошки музеј/19:00)

Скопје - Во касарната „Илинден“ во Скопје во 18:00 часот од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на 1 плотун од 6 артилериски орудија и во 19:00 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. 

Подгорица - Премиера на претставата „Лов на дива свиња“ во Градското позориште Подгорица. 

Будва - На интернационалниот фестивал „Кирилица“ во Будва ќе бидат одржани портрети на минатогодишниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Жан-Пјер Симеон и на македонскиот писател Јордан Плевнеш.

Струмица - Почнува Get EXITed во Струмица, со настапи на Бајага и Инструктори, Александра Јанева, Бејби Лазања, Џекс Џонс и БДМ. (Градски парк во Струмица/20:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан