МИА Најави МКД
- 31 октомври 2025
31 октомври 2025
Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас и Весна Ивановиќ Кастаред, раководителка на Канцеларијата на UN Women ќе се обратат на настанот со којшто ќе се одбележи 25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН за жени, мир и безбедност. (х.„Лимак“/10:30, пристигнување на медиумите/10:15)
Скопје - Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски ќе одржи брифинг со новинари. (Простории на ФЗО/ 11:00, по брифингот ќе има кратка изјава за медиумите)
Скопје - Свечено отворање на тринаесеттото по ред издание на Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“. (Музеј на македонската борба/10:00)
Скопје - Промоција на поштенската марка издадена по повод јубилејот на Сојузот на филателистите на Македонија во организација на АД Пошта на Република Северна Македонија и Сојузот на филателистите на Македонија. (Седиште на Сојузот на филателистите во Скопје, ул.„Димитрија Чуповски“ број 31/12:00)
Скопје - Прес-изјава на Независниот синдикат на ЈП Паркови и зеленило. (Пред Собрание на Град Скопје/9:30)
Битола - Свечено отворање на Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм „Камера 300“. (Центар за култура/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Мал формат-Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија. (КИЦ/20:00)
Прилеп - Отворање на изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“. ( НУ Завод и музеј - Прилеп/19:00)
Скопје - Отворање на сезона 31 на Моден Викенд Скопје. (Carat оffices by Diamond/19:00)
Скопје - Концерт на Георги Шарески - соло гитара со авторска музика. (Салон 19:19/20:00)
Локални избори 2025:
Скопје - Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе одржи мини митинг на кој ќе се обратат премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ. (Фонтана Лотос, Градски парк/12:00)
Скопје - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ,ќе одржи завршна прес-конференција. (Плоштад ,,Слобода"12:30)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***