• среда, 24 април 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

22 март 2024

Прилеп – По повод 75 години од формирањето на НАТО, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со локалната самоуправа Прилеп организираат Отворен ден за граѓаните. (Плоштад „Александрија“/ 15:00 – 18:00)

Ресен - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски на работни средби со раководствата на Одделението за внатрешни работи „Ресен“, Полициска станица за Граничен надзор „Маркова нога“ и Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Стење“. (пред објектот на ОВР Ресен / инсерти од рапорт/11:00; Изјава за медиумите/ 11:30)

Скопје – Конференција „Успешни жени за успешен регион“ во организација на Women on Boards Adria.  (х. „Мериот“/ 12:00)

Скопје – Финална информативна сесија во рамките на проектот „Disability Alliances for Development of Inclusive Reforms in the Region (DADIRR)“ во организација на Полио плус – Движење против хендикеп. (Простории на Полио плус, бул. „АВНОЈ“ 64 / 11:00 – 13:00)

Скопје - Прес-конференција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. (Простории на ЗНАМ, бул. „Свети Климент Охридски“ бр.66 / 13:00

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (Пред кабинетот на Министерот за внатрешни работи / 13:00)

Скопје – Отворање на третото продолжение од циклусот изложби „Париски рефлексии“ во организација на Националната галерија и Францускиот институт-Скопје. (Чифте амам/ 12:00)

Штип – Отворање на изложбата „Зимски салон“ 2024 на тема „Интимност и интерконекција“. (Уметничка галерија Безистен – Штип/ 13:00)

Скопје – 47. „Денови на македонска музика“ со концерт на Воениот оркестар на Армијата, под диригентска палка на Горан Илијевски. (Филхармонија, Голема сала/ 20:00)

Велес – Драмски театар – Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ гостува во Велес. (театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“/ 20:00)

Скопје – Проекција на грчкиот филм „Евтихија“ на режисерот Ангелос Франџис. (Кинотека на Северна Македонија/ 20:00)

Скопје – Отворање на самостојната изложба „Соочување“ на ликовниот уметник Томе Даневски. (Галерија „Мала станица“/ 20:00)

Дубровник – Културниот центар „Уметничка работилница Лазарети“ во Дубровник ќе биде домаќин на македонската уметница Тања Балаќ при што ќе бидат прикажани двата кратки филма – „Следна генерација“ и „Заглавени заедно“.

Делчево – Спортски игри по повод одбележувањето на 22 Март - Светскиот ден на водите.

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан