7 јули 2025
Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи брифинг со новинари. (Уставната сала во Собранието/11:15 часот)
Скопје - Седници на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание, сала Борис Трајковски/11:00, 11:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Собрание, Сала 6/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Собрание/Сала 5/13:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на презентација на системот Паметно управување со човечки ресурси во јавната администрација - Модерен ИСУЧР, проект на Министерството за јавна администрација. (Македонска филхармонија/ 11:00 часот)
Скопје - Состанок на Советот на странски инвеститори во Владата, по кој премиерот Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција. (Влада, свечена сала/12:00 часот)
Хаг - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во работна посета на Холандија и средба со холандскиот шеф на дипломатијата Каспар Велдкамп.
Скопје - Министерот за правда Игор Филков ќе одржи прес-конференција по повод една година од формирањето на Влада и работата на Министерството за правда. (медиа-центар, Влада/12:00)
Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу ( медија-центарот во Владата. /11:00 часот)
Демир Хисар - Отворање на 8.Слепченско-демирхисарска летна школа 8. Слепченско-демирхисарска летна школа, посветена на големите црковни јубилеи и годишнини на Охридската архиепископија и на Слепченскиот манастир – 500 години архиепископ Прохор и Слепченски книжевен центар.
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***