• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

16 мај 2023

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 6/11:30)

Скопје - Средби со МПК и со Комитетот за уставни прашања на ЕУ. (Сала на уставна комисија/13:00)

Скопје - 21.Состанок мешовит парламентарен комитет - Република Северна Македонија и ЕУ. (Сала „Борис Трајковски/15:00)

Рејкјавик - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе учествува на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд.

Црна Гора - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде ќе се одржи министерска конференција на земјите од Западен Блакан во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница и ЦЕФТА.

Скопје - Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе промовираат е-државјанство. (Една точка за услуги (ЕТУ)/11:00)

Скопје - Панел дискусија - дебата со студентите на УАКС за "Зајакнување на Источното крило на НАТО". (Универзитет Американ Колеџ, Амфитеатар 1/10:30)

Охрид - Балкански денови за Сајбер безбедност 2023 во организација на DCAF (Geneva Centre for Security Sector Governance), Женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор , FIRST - (Forum for Incident Response and Security Teams), Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови и MKD-CIRT Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации. (х.„Јуник“/9:00)

Скопје - Конференција „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода. (х.„Парк Резиденс“/12:00)

Скопје - Прес-конференција на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на која ќе ги презентира најновите пролетни макроекономски проекции на Народната банка. (Народна банка, конференциска сала-8 кат/11:00, пристигнување на медиумите/10:45)

Скопје - А1 ScuriThink - Cyber Security конференцијата 2023 на тема “Заштита на вашиот бизнис во дигиталната ера”. (Македонска филхармонија/9:30)

Скопје - Регионална конференција „Подготвеност за земјотреси и урбана отпорност“ на која ќе присуствуваат градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, Марина Валтер, заменичка постојана претставничка на УНДП за Европа и Централна Азиjа и Тоили Курбанов, извршен координатор на Организацијата на волонтери на ОН во организаицја на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). (х.„Лимак“/9:00, предвидено е присуство на сниматели и фоторепортери)

Скопје - Дирекцијата за заштита и спасување по повод 60. годишнината на земјотресот во Скопје под мотото „Солидарност за справување со развојните предизвици на денешницата“ ќе одржи теренска вежба за пребарување и спасување од урнатини, на која учество ќе земат Тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, Тим од Грција, Град Скопје и Црвен Крст. (Спортско-рекреативен центар на паркот на општината Сарај/10:30-14:30)

Скопје - Прес-конференција за последните случувања во ЈУДГ Детска радост - општина Гази Баба, Скопје. (На плоштадот на општина Гази Баба, кај споменикот/13:00)

Скопје - Почетокот на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“. (ОУ „Петар Поп Арсов”/9:45)

Куманово - Трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Младински политики“ во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. (Градскиот плоштад во општина Куманово/18:00)

Скопје - Директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсоски, претседателот на КФМ, Дрилон Леши и Мануела Гвен претседател на комитет за спуст при Европската кајак федерација ќе одржат прес-конференција. (Агенција за млади и спорт/11:00)

Скопје - Концерт на Хорот на Национална установа Ансамбл за народни игри и песни ТАНЕЦ во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика 2023„ на Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ и промоција на книгите LITURGHII ARMANESKA од Јане Коџабашија и „Краток воскресник“ од Јанаки Стојменович. (Музеј на револуционерната борба/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан