• среда, 15 мај 2024
МИА Најави МКД

11 септември 2023

Скопје - Состанок на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони. (х. Хилтон) 

-  Официјален пречек на лидерите на земјите учеснички на процесот Брдо-Бриони од страна на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц – Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ - 10:45 – 10:55 

- Семејно фото на лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони  - 11:00 

- Пленарен состанок на лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони - 11:10 

- Прес-конференција на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц – Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ - 12:45 

Скопје - Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендарвоски и претседателката на Република Косово Вјоса Османи-Садриу ќе ја откријат бистата на Мајка Тереза во Амбасадата на Република Косово во Скопје. (ул. „Самоилова“ 136/во 18:00, медиумите да бидат во Амбасадата 30 минути пред настанот)

Скопје - Германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин ќе се сретне со претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери. (Собрание на РСМ, Стар кабинет/09:30)

Скопје - Средба на Комисијата за законодавство, мандати, имунитети и Деловник за работа на Собранието и надзор на Агенцијата за борба против корупција на Собранието на Република Косово со претседателот на Собранието Талат Џафери (Сала на Уставна комисија/14:00) и со Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието на Република Северна Македонија. (Собрание на РСМ, Сала на Уставна комисија/12:30) 

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија (Собрание на РСМ, Сала 4/11:00)

Гевгелија - Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев ќе се обратат на настан по повод доделување на социјални станови на 28 семејства во Гевгелија. ( ул.Ацо Шопов бр.47 (Моински пат)    / 16:00)

Скопје - Министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас во прва официјална посета на Северна Македонија.

- официјалната церемонија за пречек на министерката Кареирас (10:00)

- инсерти од билатералните разговори помеѓу македонската и португалската делегација (10:35)

- инсерти од потпишувањето на Договорот за билатерална соработка во одбраната (11:35)

- прес-конференција на министерките Петровска и Кареирас (11:55)

Скопје - Јавна расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата на која ќе се обратат вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, извршниот директор на Метаморфозис, Бардил Јашари. (х. „Холидеј Ин“/11:40)

Скопје - Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (10.00/пренос ва во живо на  https://www.youtube.com/live/ruz_OS-BORA?si=o-5VqgkG31PV1mlr

Скопје - Нова група aмерикански волонтери пристигнува во Северна Македонија. (Меѓународен Аеродром Скопје)

Скопје - Стопанската комора ќе одржи прес-конференција на тема „ЕУ интеграцијата – единствениот наш пат за понатамошен економски развој“. (Простории на Стопанската комора, сала 1, 5-ти кат/11:00)

Велес - Отворање на Вардар иновациски хаб во Велес. (Вардар иновациски хаб, ул. „Страшо Пинџур“ 8/09:30)

Букурешт - Македонскиот уметник Киро Урдин на Интернационален поетски фестивал во Букурешт.

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан