• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

16 март 2024 

Штип - Отворен ден во Штип по повод одбележување на 75 години од формирањето на НАТО, на кој ќе присуствува мнистерката за одбрана Славјанка Петровска. (Помеѓу Градскиот стадион и паркингот пред Македонска пошта/11:00-15:00)

Струмица - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во работна посета на СВР Струмица, ОВР Радовиш и ОВР Валандово. (СВР Струмица/13:00, изјави за медиумите по работната средба)

Скопје - Партијата на пензионери ќе одржи Конвенција за поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и Годишна седница на Централниот одбор. (х.„Континенатал“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на Државниот просветен инспекторат. (Канцеларија на КСОМ кај Ист Гејт Мол/13:00)

Скопје - На сцената на Национална опера и балет ќе биде изведена операта „Боеми“ од Џакомо Пучини. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Концерт на Афро Гитано - Чудесниот спој помеѓу Тони Китановски и Гоце Саф во рамки на „Светско, а наше - Саботи на светска музика“ во организација на Јавна соба. (Јавна соба/22:00)

Скопје - Националниот џез оркестар со концерт насловен „Џез лектира” - осврт на работата на “кралот на свингот” Каунт Бејси. (Македонски народен театар/20:00)

Скопје - Промоција на книгата - стихозбирка „Стиховерзум“ од Мирослав Трајковски. (Ј.У Дом на култура,„Кочо Рацин“, Галерија „КО-РА“, голем салон/18:00) 

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***


 

Остани поврзан