• петок, 05 декември 2025
МИА НАЈАВИ МКД

30 мај 2025 

Скопје - Собранието ќе одржи продолженија на 52. и 41. седница. (Сала  „Македонија“/12:30/12:40) 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 5/10:00)

Скопје - Членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе се сретнат со амбасадорот на Франција Кристоф ле Риголер. (Сала на Уставна комисија/11:00) 

Будимпешта - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати (15:30) на CPAC конференција и ќе оствари средба (13:30) со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Скопје - Прес-конференција на портпаролот на Владата Марија Митева. (Влада, Медија центар/12:30) 

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на свечената промоција на магистрирани и дипломирани студенти на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Амфитеатар на Факултетот/14:00)

Скопје - Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, ќе присуствува на настан по повод одбележување на 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Меѓународниот ден на згрижувачките семејства. (ЈУ Дом за деца „11 Октомври"/11:30/Изјави за медиуми 11:45)

Скопје - Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ќе учествува на промоција на документите „Национален концепт за полициско работење во заедницата“ и „Национален прирачник за полициско работење во заедницата“ изготвени во рамки на заедничкиот билатерален проект со Кралството Шведска. (х. Александар Палас/11:00)

Македонска Каменица - На територијата на општина Македонска Каменица ќе се спроведе Показна вежба за институционален одговор при поплави. (Изјави за за медиуми – село Долна Саса/13:00)

Скопје - Народниот правобранител и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото” финансиран од Европската унија, ќе одржат Конференција за медиуми на која ќе бидат презентирани наодите од Анализата на состојбата на децата корисници на дроги и други психотропни супстанции. (Простории на Народниот правобранител/11:00)

Битола - Амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескар и Верче Мицевска, национален координатор во Владата на РСМ за безбедност на храна, ветерина и фитосанитарна политика, ќе ја отворат манифестацијата „Мед и Млеко на Широк Сокак“. (Плоштад Магнолија/11:00) 

Скопје - Доделување на награди во рамките на „Натпреварот за успешни иницијативи од Западен Балкан“. (Инокс – иновативен центар Скопје/11:00) 

Скопје - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) во рамки на одбележувањето на 76-годишнината од основањето и патрониот празник – Денот на Светите Кирил и Методиј, ќе одржи свечено доделување на звањето почесен професор (Professor Honoris Causa) проф. д-р Питер Марк, од Рурскиот универзитет во Бохум, Германија. (Аула на Ректоратот/11:00) 

Штип - Потпишување договор за меѓународна соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ и Хамболт Универзитетот од Калифорнија. (Ректорат УГД/12:00)

Скопје - Одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза. (х. Панорамика/11:00)

Скопје - Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија, по повод 30 мај - Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза организира марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза. (Порта Македонија/10:00)

Тетово - Јавна дебата на тема „Студија за изводливост за дигитална трансформација на водомерните услуги во Општина Тетово“. (Салата на Советот на Општина Тетово/10:00)

Скопје - Прес-конференција на независни граѓански иницијативи. (Парк Жена-борец, на тротоарот спроти Собранието/ 10:30) 

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства. (Центар за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско Село Скопје/ул. Финска бр. 131, општина Гази Баба/13:00)

Скопје - Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје (ИДСЦС) организира настан „Прогресот на Северна Македонија во Берлинскиот процес и Планот за раст“. (х. „Холидеј ин“/10:45/Изјави за медиуми 10:45-11:00) 

Скопје - Тркалезната маса „Менаџмент консалтинг – Вчера. Денес. Утре.“ по повод 25 години од постоење на Менаџмент консалтинг асоцијацијата (МКА) 2000. (х. Александар Палас/Изјави за медиуми 9:00-9:30) 

Скопје - Општина Центар организира Културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“. (Парк на франкофонија/18:00)

Велес - Свеченост по повод 10 години постоење и успешно работење на Маркарт Македонија. (с.Долно Каласлари/10:30)

Скопје - Ново издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ во организација на младинската организација „Култура Бета“ и Europe House Скопје. (Europe House/20:00)

Битола - Свечено затворање на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. (ДЛС „Св. Кирил и Методиј“- Битола/11:00) 

Скопје - Јавна дебата „Кој се плаши од културите на Другите?“. (КСЦ Центар Јадро/18:30)  

Скопје - Второ издание на студентскиот филмски фестивал „ХАЈ-ФАЈ“. 

Велес - Прес-конференција по повод СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС 2025. (Градски парк Велес/11:00)

____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан