• сабота, 04 мај 2024
МИА Најави МКД

8 ноември 2023 

Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/ 12:30)

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе ја отвори конференцијата „Надзорната улога на Народниот правобранител над безбедносниот сектор од аспект на заштита на правата на граѓаните“ во организација на  Народниот правобранител во соработка со Женевскиот центар за управување се безбедносниот сектор (ДЦАФ). (х. „Лимак“/ 10:00)

Брисел – Прес-конференција на која ќе бидат претставени Пакетот за проширување на Европската комисија и Планот за раст за Западен Балкан, по што ќе следи технички брифинг од генералниот директор за соседство и проширување Герт Јан Купман. Потоа, комесарот за проширување и соседство, Оливер Вархеји, на пратениците во Европскиот парламент ќе им го претстави Пакетот за проширување за 2023 година и Планот за раст за Западен Балкан. (Линкови за настанот: https://www.europarl.europa.eu/news/en/press-room  и https://audiovisual.ec.europa.eu/en/12:00)

- Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир ќе им предаде копии од Пакетот за проширување за 2023 и од Планот за раст на претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и на премиерот Димитар Ковачевски.

Неготино – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе присуствува на прелиминарната распределба на социјални станови во Неготино. (х. „Парк“, изјави за медиуми/10:45)

Гостивар – Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети основното училиште „Форино“ каде е реализирана инвестиција на МОН за подобрување на инфраструктурните услови. (с. Форино/ 10:00)

Скопје – Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања (ИКАРУС) со седиште во Виена на тема „Заедничко архивско наследство - заштита, достапност и дигитализација“, во чии рамки ќе бидат презентирани трудови од околу 60 архивски професионалци од Европа и пошироко. (Музеј на македонската борба за самостојност/13:00)

Скопје – Втора годишна конференција за здравство во организација на Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во Северна Македонија. (х. „Хилтон“ или онлајн стриминг во живо: https://outlook.office365.com/mail/AAMkAGQ0N2Q3ODljLWY0Y2UtNGMwMS1iYzUxLTYyNWFmYjhhZmNjZAAuAAAAAAAfwok3ZDX2RpdCCAjxoFMaAQBVS1j5Xpb6SJRpSenQGB10AARvrgyxAAA%3D/id/AAMkAGQ0N2Q3ODljLWY0Y2UtNGMwMS1iYzUxLTYyNWFmYjhhZmNjZABGAAAAAAAfwok3ZDX2RpdCCAjxoFMaBwBVS1j5Xpb6SJRpSenQGB10AARvrgyxAABVS1j5Xpb6SJRpSenQGB10AAR3S%2B4RAAA%3D /09:00)

Велес – Независниот претседателски кандидат Вело Марковски по повод 145 години од раѓањето на Димитрија Чуповски ќе оддаде почит на неговиот споменик. (с. Папрадиште, велешко/11:00)

Скопје – Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”. (Филолошки факултет „Блаже Конески“/10:00)

Скопје – По повод одбележувањето на 85-годишнината од „Кристална ноќ“, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија организира изложба на различни изданија на книгата „Дневникот на Ана Франк“. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите/12:00)

Скопје – Гостување на Театар Куманово со претставата „Соѕвездија“. (Драмски театар Скопје/ 20:00)

Скопје – Почнува 14. издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“ на кој ќе настапи Фламенко трио - Vientos del Erasmа од Шпанија. (Национална филхармонија/ 19:30)

Скопје – Завршна изложба на дела настанати на работилниците за алтернативна фотографија кои се одржаа во јули, во село Цапари, во организација на единствениот Зрно-фестивал.  (КИЦ – Скопје, продажен салон)

Сандански – Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија гостува во Сандански со уметничкиот проект „Поврзување“. (Уметничка галерија во Домот на културата на град Сандански/ 18:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан