• вторник, 19 ноември 2024
МИА Најави МКД

29 ноември 2023 

Скопје - Паралелна конференција за граѓанското општество - Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ. (Министерство за надворешни работи)

Крива Паланка - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов ќе одржи средба со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и Илмиасан Даути, програмски аналитичар и раководител на проектот до Градоначалникот на општината Сашко Митовски. (Општина Крива Паланка/12:00)

Скопје - Информативен настан за отворениот повик за кофинансирање на развојни проекти во рамки на билатералната развојна соработка, а објавен од страна на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија во организација на Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија. (Галерија на НЛБ Банка/9:00)

Скопје - Тркалезна маса „Поголема примена на алтернативните мерки“ во организација на тимот на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ финансиран од Европската унија. (х.„Континентал“/10:00, изјави за медиуми/9:45)

Скопје - Прва „HalkTalk” бизнис конференција за жени-претприемачки огранизирана од Халкбанк. (Македонска филхармонија/10:00) 

Штип - Прес-конференција на Универзитетот „Гоце Делчев“ на која ќе биде презентирана новата веб страница. (Тренинг центар на УГД, поранешен универзитетски ресторан/10:00)

Штип - Промоција на книгата „Од онаа страна на небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ од авторот Иван Антоновски. (Тренинг центар на УГД/ 12:00)

Скопје - Промоција на книгата „Траума и театар: Горан Стефановски“ од Мишел Павловски. (КИЦ, Салон Империјал 2/10:00)

Битола - Промоција на книгата „Идејните основи на борбата за македонска национална држава 1941-1944“ од авторот Александар Литовски. (МНД-Битола/19:00)

_______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан