• понеделник, 14 октомври 2024
МИА Најави МКД

14 октомври 2024 

Скопје - Седница на Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Сала „Борис Трајковски“ /11:00)

Скопје - Работилница на Клубот за младински прашања и политики. (Сала на Уставна комисија /11:00)

Скопје - Четврта НАТО Академија. (Сала „Борис Трајковски“ /14:30)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. (Амфитеатар на Институтот /11:00)

Скопје - Прес-конференција на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, по повод 100 дена од мандатот на новата Влада, на која ќе даде очет за работата на Министерството за култура и туризам. (Музејот на македонската борба за самостојност /10:00)

Скопје - Презентација на резултати од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, на која ќе се обрати првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан. (х. „Александар Палас“ /13:00)

Скопје - Директорот Бобан Николовски ќе ги презентира резултатите од работата на Царинската управа. мфитеатар на Царинска управа /11:00)

Скопје - Свеченост по повод заклетва на 28. класа студенти/питомци. (Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, - Касарна Гоце Делчев – Скопје /09:00) 

Струмица - Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ќе го означи почетокот на иницијативата „До Вас, за Вас“, во рамки на концептот „Полицијата - сервис на граѓаните“. (Кај парк споменикот Благој Јанков Мучето /11:30)

Скопје - Прес-конференција по повод 43. Скопски џез фестивал. (Буква / Bookva /13:00)

Скопје - По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот, концерт „100 години Пучини“ ќе одржи тенорот Благоја Нацоски со пијанистката Елена Атанасовска и со најдобрите студенти на мастеркласот. (Камерна сала, Филхармонија /20:30)

Скопје - Прес-конференција на МФФ Киненова. (ЕУ Хаус, улица „Свети Климент Охридски“ бр.52Б /11:30)

Скопје - Почнува Недела на Романски филм. (Кинотека /20:00)

Куманово - Работилница против врсничко насилство наменета за родители. (Во зградата на поранешен комитет, во големата сала /18:00)

Скопје - Во Друштвото на писателите на Македонија синологот Игор Радев ќе одржи предавање на тема „Класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“. (ДПМ /19:00)

Скопје - Прес-конференција на пејачката Калиопи по повод претстојниот концерт. (Арена „Борис Трајковски“ /11:00)

Скопје - Изложба „Креативна дисхармонија“ на Бранкица Јордановска, Ертунч Сали и Сања Симоска. (Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности - Скопје, локација: Парк на Франкофонијата /20:00)

Скопје - Вечер на италијанска и македонска музиика Горан Начевски - баритон, Николета Конти - пијано. (Музеј на македонската борба /20:00)

Скопје - Изложба „Само (до) вербата“ на Христина Тарабунова. (КИЦ/20:00)

Битола - Шоу на српскиот актер Никола Ѓуричко. (Центар за култура)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан