• сабота, 20 април 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

31 мај 2023

Скопје - Собранието ќе ги одржи 99, 100 и 112. седница. (Сала „Македонија“/11:00, 11:10, 11:20)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/10:00)

Скопје - Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе ги одржи 34. и 61. седница. (Сала „Борис Трајковски“/12:00 и 12:15)

 Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/13:00)

Скопје - Обраќања на претседателот Стево Пендаровски и поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ на вториот ден од 6. МЕФ Енергетскиот Форум 2023. (х. „DoubleTree by Hilton“/09:00)

Братислава - Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи учествуваат на Глобалниот безбедносен форум Глобсек 2023 во Братислава.

Скопје – Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе присуствува на 3. Национален форум за здравство – „Здравствена правичност, кохезија и отпорност во Северна Македонија: кон трансформација на здравствениот систем“. (х. „Александар Палас“/ 09:30-13:30, изјави на министерот и на претставничката на СЗО се планирани во 10:30)

Струмица - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова  ќе се обрати на отворањето на работилницата „Искуства и предизвици од имплементација на законите за посебни текови и управување со отпад“. (х. „Сириус“/ 10:00, изјави за медиумите се предвидени во 09:50)

Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 21. седница. (Уставен суд/09:30)

Кавадарци - Трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“ на која ќе се обратат лидерот на партијата Христијан Мицкоски, партиската потпретседателка Гордана Димитриеска Кочоска, претседателите на комисиите за животна средина и за енергетика на партијата Даме Димитровски и Елена Маркова-Велинова и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. (Градски плоштад во Кавадарци/18:00)

Скопје – Прес-конференција на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ (Прес-центар на Левица/11:30)

Охрид – Медиумски настан на ТАВ Македонија по повод одбележување на двете нови сезонски авиолинии од Манчестер и од Лондон со ТУИ Ервејс Велика Британија. (на аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид/ 9:55, слетување на првиот авион на ТУИ ервејс од Манчестер – аеродромска платформа/ 10:15, Церемонија за добредојде – воден мост, пречек на патници, сечење лента, фотографирање – аеродромска платформа/ 10:20, обраќања на Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, на генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и на извршниот директор на ТУИ Ервејс Велика Британија за скијање, езера и планини, Крис Логан во ВИП салон/ 11:10 – 11:30)

Охрид – Дводневна Годишна конференција на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија на тема: „На преминот помеѓу постоечкото и новото работно законодавство во Северна Македонија – премногу рано или премногу доцна. (х. „Метропол“/ 10:00)

Скопје – Дебата на Европското движење (ЕММК) од циклусот настани Кафе Европа на тема „Локални иницијативи за глобални чекори“. (во кафулето „Тренд“ на плоштад „Македонија“/ 11:00 – 13:00)

Скопје – Сесија за размена на искуства на ОН со младински професионалци за животна средина во Северна Македонија. (во Нетавил/ 16:30 - 17:30)

Скопје – Обука на тема: ,,Правата од интелектуална сопственост и вашиот бизнис” во организација на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување преку Enterprise Europe Network а во соработка со Советот за женско претприемништво на Град Скопје. (Совет на Град Скопје, барака 2, во Малата сала/ 11:00 – 13:30) 

Скопје – Конференција „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“ (х. „Холидеј Ин/ 10:00 – 16:30) 

Скопје – Промоција на Речникот на медиумската писменост во организација на Институтот за комуникациски студии. (КИЦ/ 12:00)

Скопје – Омаж по повод годишнините од раѓањето или смртта на проф. Милош Константинов, 30 години од смртта, Ангелина Крстева, 10 години од смртта и проф. Крсте Богоески, 80 години од раѓањето. (во просториите на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ/ 11:00) 

Скопје – Проекција на претставата Донка – Писмо до Чехов на Даниеле Финци Паска и неговата трупа. (Кинотека на Северна Македонија/ 19:00)

Скопје - Гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“ организирана од Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје. (кино „Милениум“, ГТЦ, кат 1/ 20:00)

Скопје – Со проекција на култниот филм „Ради Радови“ на Желимир Жилник Кинотека го отвора Летното кино. (Кинотека на Северна Македонија. 21:00)

Скопје – Средба на писателот Владо Јаневски со читателите. (во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“/ 19:00)

Скопје – Промоција на книгата „Излегувањето од сенка“ од Дијана Петрова. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, во спомен-собата „Т’га за југ“/ 19:00)

Скопје – Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од докторките Татјана Јаќовска и Весна Мицевска. (Матица македонска/ 18:00)

Скопје – 40-годишен ретроспективен опус на Владимир Темков. (Чифте амам/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан