• понеделник, 20 мај 2024
МИА Најави МКД

11 април 2024 

Скопје - Презентација на 25-то издание на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан. (х. „Мериот“, АБЦ сала, 1 спрат/10:00)

Скопје -  Дебата „Digi Youth Dialogue“ во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). (Студентски културен центар бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 28, палата Кузман/12:00)

Скопје - Прес-конференција и промоција на Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата, во организација на Прва детска амбасада во светот Меѓаши. (х.„Континентал”/10:00)

Скопје - Менаџерскиот тим на Винарската визба „Тиквеш“ ќе презентира новини во работењето и портфолиото на винарницата. (М6 Едукативен центар/15:30)

Скопје -  Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, ќе оствари средба со претставници на меѓународната невладина организација „Македонија2025“. (седиште на СДСМ/ изјави за медиуми во 13:45).

Скопје - Промоција на книга со бајки „Си беше еднаш“.  („Литература.мк“, Дајмонд мол, /19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Три генерации Ташковски“. (Изложбен салон на МАНУ/19:00) 

Скопје - Отворање на изложбата „Медална скулптура“ на Надја Розева. (Чифте амам/19:30)

Скопје -  Почнува 20.  издание на интернационалниот фестивал Танц-Фест Скопје 2024, под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ со изведба на балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Танец во фокусот, мултимедиајлен настан на НУ Танец во соработка со Кинотека на РСМ, организиран во рамките на чествувањето на 75-годишнината од основањето на Танец. (Кинотека на РСМ/19:00)

Скопје - Концерт „Езотерија“, на кој како виолинист, но и како диригент, настапува прочуениот Сергеј Крилов!. (Филхармонија/20:00)

Скопје - Дел од членовите на групата АРЕА ќе одржат прес-конференција по повод претстојните концерти на групата Ареа. (ресторан „Пелистер“, плоштад Македонија/11:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Дојран/Богданци/Валандово/Гевгелија - Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендровски ќе ги посети општините Дојран (16:00), Богданци (17:30), Валандово (18:30), централниот митинг ќе се одржи во Гевгелија (20:00)

Долнени/Македонски Брод/Кичево - Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Долнени (17:00), Македонски Брод (18:30) и Кичево (20:30)

Скопје - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе даде изјава за медиумите. (Седиште Движење ЗНАМ-За наша Македонија, линк на fb страната Максим Димитриевски/13:15)

Скопје/Куманово - Кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Гази Баба (Плоштад Автокоманда,пред канцеларијата на Левица на ул. „Јани Лукровски“ бр.10. /17:00) и Куманово (Зграда на поранешен комитет/19:00)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан