• понеделник, 20 мај 2024
МИА Најави МКД

12 октомври 2023 

Скопје - Седница на Законодавно правната комисија. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи работен состанок со Стопанската комора на Северна Македонија, на кој ќе го презентира новиот закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. (Стопанската комора, кат 3, сала 3/10:00/Изјави за медиуми- 11:00)

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во коорганизација со ОБСЕ/ОДИХР ќе одржи настан на кој ќе биде промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. (х.„Холидеј Ин“/12:00)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при австриската Амбасада во Скопје ќе одржат бизнис средби и презентација на австриски компании, со цел развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. (Стопанска комора на Северна Македонија, кат 5, сала 1/10:00, изјави за медиумите/9:45)

Скопје - Конференција за говорот на омраза во Република Северна Македонија:Законска рамка и утврдување на институционалниот јаз во регистрирањето и обработката на говорот на омраза во организација на Хелсиншки комитет за човекови права. (х.„Солун“/12:00)

Скопје - Панел дискусија на тема „Достоинствен живот или преживување?“ во организација на Македонската платформа против сиромаштијата (МППС). (Простории на општинскиот младински центар „Матично“, ул.„Михаил Цоков“ бр.1, зад бараките на општина Центар/11:00, изјави за медиумите/12:15)

Скопје - Прес-конференција на СКРМ и СОНК. (Пред Министерство за култура/11:00)

Скопје - Институтот за европска политика (ЕПИ)-Скопје ќе одржи прес-брифинг на кој бидат презентирани препораките од тематската работна група за пристапот до единствен европски пазар, во пресрет на Форумот на граѓанското општество и тинк-тенкови 2023, во рамки на Берлинскиот процес. (Јавна соба/11:00)

Скопје - Прес-конференција на која ќе бидат претставени активностите кои ќе бидат дел од кампањата „Денови за донирање“. (Intermezzo Music Bar, Митрополит Теодосиј Гологанов 65/12:00)

Скопје - Камерниот оркестар „Профундис“ и виртуозниот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија, Роман Симовиќ ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентиранаат деталите за концертниот спектакл „РОМАН“ кој ќе се одржи на 16 октомври во Македонска филхармонија. (Кафе бар „Филхармонија“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Меѓународниот филмски фестивал Киненова. (Синеплекс/11:30)

Скопје - Прес-конференција на Фестивалот на забавни мелодии “МАКФЕСТ 2023“ - Штип. (х.„Хилтон“/12:00)

Скопје - Свечено отворање на фестивалот „Вардар филм прикажува - македонски филмски класици“ со прикажување на култниот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов. (Кинотека на РСМ/20:00)

Скопје - Претставување на проектот – инсталација во простор на уметничката група Колектив ЗЕРО. (Мала станица/20:00)

Скопје - Концерт на виолинистите Владимир Костов и Марко Поп Ристов. (Филхармонија, камерна сала/20:00)

Скопје - Последен концерт на Караванот „Македонијо во срце те носиме“. (Општина Кисела Вода, Парк пред салата Расадник/20:30)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан