• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

25  септември 2025 

Струмица - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе извршат увид во градежни активности на стариот струмички театар „Антон Панов“ во општина Струмица, каде ќе дадат изјава за медиуми. (17:45)

- Министерот Љутков ќе се обрати на отворањето на реконструираната Спомен-куќа на народниот херој Благој Јанков-Мучето. (18:15)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на промоцијата на соработката со Clarivate – Web of science, преку која се овозможува бесплатно користење на научните бази на платформата за сите јавни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа. (Клуб на пратеници/12:00)

Скопје - Гувернерот на Народна банка Трајко Славески ќе се обрати на 55. сесија на Клубот на истражувачите. (Народна банка/14:00) 

Скопје - 13. сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) во организација на Европското движење. (х.„Панорамика“/9:30)

Скопје - Прес-конференција на генералниот директор на Пивара Скопје Огњен Лазиќ. (Пивара Скопје, деловна зграда – нови канцеларии/11:00, медиумите да пристигнат 15 минути порано)

Скопје - Изјава на Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ - Скопје. (Пред Собрание на Град Скопје, до влезот на градоначалникот/10:15) 

Скопје - Меѓународна научна конференција „Книжевни проекции 2025: Година на значајни јубилеи“ во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (Амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“/10:30)

Штип - 12-та меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. (Правен факултет при УГД/9:00)

Скопје - Панел-дискусија „Одржливост на малите и локалните медиуми во дигитално време“. (Центар за иновации на Правниот факултет „Јустинијан Први“/11:00)

Скопје - Иницијативна средба за формирање на Национално собрание на млади согласно Законот за младинско учество и младински политики во рамки на проектот „Функционални механизми за активно младинско учество на национално ниво“ во организација на Национален младински совет на Македонија. (х.„Александар Палас“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на политичките партии Зелената партија ДОМ (Демократска обнова на Македонија) и Движење за демократија, права и слобода (ДПС), како дел од „Коалицијата за зелена иднина“. (МИА Прес центар, кај „Рекорд“/12:00)

Тетово - Промоција на апликација за онлајн плаќање на паркинг и даноци. (Инфо Центар на градот/12:00)

Скопје - Концерт на дуо „Гелебешеви“. (Македонска филхармонија, камерна сала/20:00)

Велес - Во рамки на Фестивалот на Џез, World и Современа музика ќе се одржат работилница по цијанотипија (12:00) и ликовна изложба „Преиспитувања“ на уметниците Никола Пијанманов и Тони Попов во кураторство на Јасмина Котевска. (Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“/19:00)

Скопје - Промоција на монографијата „Античка македонска архитектура и урбанизам“ на Меланија Шерденковска. (Мултимедијален центар „Матица ексклузив“/19:00)

Тирана - Отворање на изложба на уметникот Кирил Гегоски. (Културно информативен центар/19:00)

Гевгелија - Отворање на изложбата „Реконфигурација“ од авторот Слободан Милошески. (Уметничка галерија „Амам“/20:00)

Скопје - „МСУ водич“ со кустосот Бојана Јанева низ трите новоотворени изложби во музејот: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“; „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“, архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова и „Музеј отворен до понатамошно известување“, самостојна изложба на Џем А. (МСУ/17:00)

Гостивар - Изведба на претставата „Марта Верина“ на МНТ, во режија на Нина Николиќ на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“. (Центар за култура/20:00)

Скопје - Маалски фестивал 4.0, на повеќе локации во Општина Центар - Скопје. (КСП Центар – Јадро, Парк на Франкофонија, Боемска 2 и Природонаучниот музеј/12:00-19:00)

Скопје - „Under 600“ – прв фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан, поддржан од Британскиот совет. 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан