• вторник, 23 јули 2024
МИА Најави МКД

15 февруари 2024 

Липково - Техничкиот премиер Талат Џафери ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод новата градинка во Матејче, а ќе го посети и Домот на културата. (Матејче, Општина Липково/10:00)

- Џафери ќе присуствува на настан по повод увид на реконструираниот локален пат во селото Липково, Општина Липково. (Село Липково/10:30)

- Џафери ќе го посети Основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане, Општина Липково, каде што наскоро ќе започне изградбата на спортска сала. (ОУ „Рилиндја“, Лојане/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/12:00)

Скопје - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе ги одржи 40-тата и 44-тата седница. (Сала „Борис Трајковски“/13:00/13:30

Скопје - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески. (Охридска сала/11:00)

Скопје - Министерот за здравство Илир Демири ќе се обрати на свечена академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки. (Амфитеатар на Деканатот на Медицинскиот факултет/12:00)

Скопје - Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе одржи брифинг со новинари. (Клуб на пратениците/9:30, без сниматели и фоторепортери)

Лозово - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во работна посета на општина Лозово. (с.Милино, општина Лозово/12:20, изјави за медиумите по посетата, https://www.google.com/maps/place/41%C2%B048'12.9%22N+21%C2%B051'56.2%22E/@41.803593,21.865597,17z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.803593!4d21.865597?entry=ttu)

Скопје - Промоција на поштенска марка по повод „60 години Уставен суд на Република Северна Македонија”. (Уставен суд/12:00)

Скопје - Презентација на „Анализа на е-услугите во општините во Република Северна Македонија во 2023“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. (Јавна соба/12:00) 

Скопје - Прес-конференција на Агенцијата за млади и спорт. (АМС/14:00)

Скопје - Концерт по повод Денот на вљубените, насловен „Љубов, страст- фламенко!“ на оркестарот на Македонската филхармонија. (Македонска филхармонија/20:00)

Скопје - Промоција на романите „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ на Кристина Краличин“. (Литература.мк во Дајмонд мол/19:00)

Скопје - Промоција на книгата „Јанко Узунов-ТОЈ! ...сиот беше музика!". (Ресторан „Малешевски мерак" зад ТЦ Бисер/12:00) 

Скопје - Книжевна промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер и „Везење“ од Марџан Сатрапи. (Француски институт/18:00)

Скопје - Промоција на книгата „МОЈОТ НЕПОКОР“ на Трифун Костовски. (Музеј на македонската борба/18:00) 

Скопје - Отворање на изложбата „Патина на љубовта“ на Синиша Новески. (Галерија „Метаноја“/19:00)

Скопје - Изведба на претставите „Пес и мачка” и „Балекендан” на јапонската актерка Шоко Ито. (Филолошки факултет „Блаже Конески”, амфитеатар 3/17:00)

Скопје - Проекција на документарниот диптих „Неврзаните“ и „Филмски герили“ на Мила Турајлиќ. (КИЦ, Салон 19:19/20:00)

_________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан