• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД

29 септември 2023

Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 126. седница. (Сала „Македонија“/ 12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/ 11:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/10:00)

Новаци - Премиерот Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе присуствуваат на отворањето на фотоволтаичната централа „ФЕЦ Новаци“. (11:30)

Битола - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе ја посети компанијата „Бимилк“. (изјави за медиуми/14:20)

Крива Паланка – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во посета на Крива Паланка:

- Отворен Кабинет на министерот за внатрешни работи. (ОВР Крива Паланка/09:30, изјава за медиуми/12:00)

- посета на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ каде ќе се реализира превентивна активност како продолжение на кампањата „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“ (13:10)

Скопје – Деветта меѓународна истражувачка конференција на Народна банка на тема „Повторното актуализирање на инфлацијата и новата геополитичка реалност во прилог на преосмислувањето на макроекономската политика“. (х. „Мериот“/10:00)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 93-та седница. (простории на ДКСК или во живо на YouTube каналот на МИА на следниот линк: https://www.youtube.com/live/KAbghZC8oNM?si=mnStEJX3TW4u9P3Y/10:00)

Скопје – „Еко свест“ организира средба со новинари на тема „Предлог- стратегијатa за експлоатација на минерални суровини ја доведува во опасност животната средина и здравјето на луѓето“. (Музеј на современа уметност/ 11:00)

Куманово – Здружението за развој на земјоделството и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ и Комората на органски производители – КОП од Куманово ги организираат 6. Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ 2023 и 2. Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК“ 2023. (спортско-рекреативен комплекс/ 09:00 – 18:00, свечено отворање/13:00)

Скопје – Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) организира средба со медиуми во врска со започнувањето на постапката за основање на трговски друштва за интернет игри на среќа со доминантен капитал на Државна лотарија. (х. „Tim`s“, ул. „Орце Николов“ бр. 120, Дебар Маало/ 10:00)

Скопје – Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА организира три предавања за уметноста во видео игрите насловени како GAME ART @ SKOPJE. (во просториите на Netaville/ 18:00)

Битола – Свечено затворање на ИФФК „Браќа Манаки“ и додлеување на наградата Златна камера 300 (Центар за култура/20:00):

- прес-конференција. (Офицерски дом/ 11:00)

 - работилница со Жан Мари Дружу. (Кино Манаки/ 12:30)

Скопје – Промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година. (книжарница „Литература.мк“ во ТЦ „Ист гејт“/ 19:00)

Скопје – Отворање на мултимедијалната самостојна изложба насловена „Пејзаж на тишината” на уметницата Маја Николовска. (Дом на култура „Кочо Рацин“ – Галерија „Ко-Ра“/ 19:30)

Скопје – ЛОКОМОТИВА - Центар за нови инцијативи во уметноста и културата организира втора серија на работилници за современ танц и движење КУЛТРЕНИНГ - „Резонантни тела“ работилница за кореографија со Теодора Ежовска. (КСП Центар – Јадро/ 18:00 – 20:00)

Скопје – Прес-конференција на Фудбалскиот клуб Вардар Скопје АД. (прес-салата на СЦ „Јане Сандански“/ 11:55)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан