• петок, 10 мај 2024
МИА Најави МКД

17 октомври 2023 

 

Скопје - Собранието ќе ги одржи 127-та, 126-та и 74-та седница. (Собрание, Сала „Македонија“/12:00/12:15/12.30)

Скопје - Седница Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (Собрание, Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Собрание, Сала 6/13:00)

Скопје - Неформалната зелена собраниска група ќе одржи средба со граѓанските организации од земјите на Западен Балкан во рамки на СМАРТ Балканс проектот. (Собрание, Сала 5/10:00)

Скопје - Министерот Бујар Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ, помошникот висок комесар за заштита во УНХЦР Џилијан Тригс и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал ќе ја отворат конференцијата на тема „Без државјанство во Југоисточна Европа“. (х.„Лимак/10:00, пристигнување на медиумите/9:15, по завршување на прес-конференцијата, министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одговара на прашања)

Скопје - Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев ќе одржи прес-конференција по повод потпишување Меморандум за соработка со Царинската служба на Република Кореја. (Царинска управа, нова зграда/13:30)

Скопје - Промоција на новата Развојна рамка на Црвен крст на РСМ „Трансформација 28” во организација на  Црвениот крст на Република Северна Македонија. (х. „Александар Палас“/10:00)

Скопје - Македонско пенолошко друштво ќе одржи настан на тема „Предлог законот за амнестија и процесот на ресоцијализација и реинтеграција на претходно осудените лица во Република Северна Македонија". (х.„Мериот“/10:00)

Тетово - Прес-конференција за реконструкција на асфалтот во викенд населбата во Попова Шапка.правна зграда на ЈУ Национален Парк Шар Планина, кај гондолата за Попова Шапка/13:00)

Скопје - Прес-конференција на Здружението „ЗА НАС“. (Зграда на Социјалистичка Партија, втор кат, ул. 11-ти Октомври бр. 17/11:00)

Битола - Дебата на тема „Повторно за Балканот – Помеѓу трансатлантскиот сојуз и надворешните влијанија на руската агресија во Украина“. (Студентски информативен центар/11:30)

Скопје - ПроКредит Банка во рамки на платформата „Школа за новинари“ организира настан на тема „Дигитална трансформација: Одговорност на иднината кон бизнисите“. (Дирекција на ПроКредит банка, „Манапо“ бр.7/8:30)

Скопје - Со научен собир „Како го читаме Калвино денес: наследство, рецепција, преводи“ ќе биде означен почетокот на XXIII Недела на италијанскиот јазик во светот. (Филолошки факултет „Блаже Конески“/09:30) 

Скопје - Промоција на книгата „ТЕСТАМЕНТОТ“ во македонското наследно право од авторот Ангел Ристов. (х.„Континентал“/12:00)

Скопје - „Префрлање на одговорноста (II): Од точка А до точка Б“, самостојна изложба на Сашо Станојковиќ. (КСП Центар Јадро/20:00)

Скопје - „Мигновение“ изложба на слики од Костадин Танчев - Динка. (Културно-информативен центар, Салон Империјал 1/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата насловена „Осветлување, освестување, ослободување, о... “ од авторот Ивона Велковска. (ЈУ Дом на култура„Кочо Рацин, галерија „КО-РА“/20:00)

Скопје - Концерт на Хајди Елзесер – пијано. (Музеј на македонската борба/20:00) 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан