• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД

18 ноември 2024

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура и туризам. (Сала 6/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правна комисија. (Сала 5/11:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала Борист Трајковски/12:30)

Приштина - Меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово. (12:00)

- тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Владата на Косово, Албин Курти, како и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади. (од 11:20)

-заедничка прес-конференција на премиерите Мицкоски и Курти.(13:45)

Скопје - Одбележување на Националниот ден на студентите во организација на Националното студентско тело на Северна Македонија (НСТ), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Младинскиот образовен форум (МОФ) каде на централната свеченост свои пригодни обраќања ќе имаат претседателката Гордана Силјановска Давкова, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседавачот на НСТ, Александар Николовски и ќе биде промовирана  платформата за студентска работа „Линкер“. (културен центар Лабораториум/19:30)

-Саем на студентски и младински организации со три Панел дискусии: „Ретроспектива на студентското организирање на УКИМ“, „Интеруниверзитетска соработка и студентско организирање“ и „Регионална соработка и студентско организирање“ на која се најавени воведни обраќања на Весна Јаневска, министерка за образование и наука, Албер Хани, генерален секретар на РИКО, Ристо Савески, претседател на Младински образовен форум и Александар Николовски, Универзитетско студентско собрание -  УКИМ. (Правен факултет „Јустинијан Први“/10:00, изјави пред настанот, од 9:50 до 10:00)

-Студентски правобранител: Институционален дијалог „Реформирање на високото образованиe: Интердисциплинарни студии на иднината“. (Ректорат на УКИМ/13:00)

Скопје - Работилница на тема „Инклузија на граѓанските организации и медиумите во подготовка на Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2025 година”. (во х. Холидеј Ин/10:00) 

Скопје - Меѓународна конференција ICON BEST 2024 ќе се одржи на Универзитетот Скопје. (Изјави за медиумите се предвидени пред почетокот на конференцијата/09:45)

Скопје - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, организира тркалезната маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“. (во амфитеатарот на Институтот/10:30) 

-Програмата ќе започне  со свеченото положување цвеќе на споменикот на Крсте Мисирков во паркот кај МАНУ. (10:00)

Загреб - Промоција на книгата „Дострели на една визија“  од авторите Сашо Георгиевски, политиколог и Љупчо Арсовски, амбасадор и доделување признание „Пријател на Македонија“ за поранешната премиерка на Хрватска, Јадранка Косор. (Во Културно информативниот центар на Македонија во Загреб)

Скопје - Со проекција на „Змија в пазуви“ од Карлос Саура, почнува Неделата на шпански филм во организација на Амбасадата на Кралството Шпанија и Кинотеката. (Кинотека/20:00)

Скопје - Музичко патување со „Кулермунд-изрази од разиграниот ум“ со Extravaganza Fantasi Quartet. (Камерна сала на Филхармонијата/19:00)

Охрид - Премиерата на претставта „Земја на штркови“ во продукција на Театар Провокација – Скопје. (во НУЦК „Григор Прличев“/20:00)

Скопје - Премиера на претставата „Секогаш Последни“ во продукција на Скоро Театар - Скопје со поддршка на Златен Заб. (во Домот за култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода/20:00)

Скопје - Завршна средба со уметникот Никола Пијанманов и беседа на д-р Коста Милков со прошетка низ изложбата ВЕЧНЕЕЊЕ. (во Културно информативен центар Скопје/19:00)

___________________________________________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан