• недела, 28 април 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

2  декември 2023

Македонски Брод - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе ја посетат фабриката „АТС АММО“. (Фабрика „АТС АММО“/11:00, Предвидено изјави за медиуми, локација: https://www.google.com/maps/place/ATS+Ammunition/ 

Куманово - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во работна посета на Куманово. 

-Посета на реконструираниот објект на СВР Куманово. (пред СВР Куманово/13:15)

-Посета на железничката станица „Перо Чичо“ каде ќе се изврши увид во изградбата на пругата - делница Куманово - Бељаковце, дел од Коридор 8. (Железничка станица „Перо Чичо“ / 14:00)

Дубаи - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува на Самитот на Обединетите нации за климатски промени – COP28, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати.

Скопје - Регионална конференција „Користење на моментумот за проширување во променетата Европска безбедносна средина“ во организација на Прогрес Институт за социјална демократија и Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска. (х.„Холидеј Ин“ /9:30)

Скопје - Независниот синдикат на здравствени работници организира протест (пред канцелариите на КСОМ на бул. „Гоце Делчев“, спроти Ист гејт мол / 11:00) и прес конференција (пред Владата / 12:00

Скопје - Прва Национална олимпијада за Вселената во организација на Њуменс бизнис акцелераторот и Фондацијата „Голдилокс“ со поддршка на Американската амбасада во Скопје. (Спортски аеродром Стенковец / 10:00)

Скопје - Ирските независни европратеници Клер Дејли и Мик Волас ќе присуствуваат на Пленум на Левица. 

Скопје - Завршен настан на манифестацијата Денови за донирање, добротворен базар на социјални претпријатија. (Ист гејт мол /13:00)

Белград - Гостување на Драмски театар-Скопје со претставата „Мојот маж“ на фестивалот РУТА организиран од Београдско драмско позориште. 

Скопје - Концерт „Музичко патување низ звуците на обоа и пијано“ во рамки на Есенски музички свечености. (Национална опера и балет, фоаје/18:30)

 

_______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан