• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

28 март 2023

Скопје – Сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен ќе допатува во официјална посета на земјава.

Скопје – Неформална средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со претставници на медиумите. (Сала на Уставна комисија/ 10:00)

Скопје – Седница на Собранието за поставување пратенички прашања. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Амбасадорот и шеф на Мисијата на ОБСЕ Килиан Вал ќе се сретне со Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ. (Сала на Влада/ 11:30)

Скопје – Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени (Зелена група) ќе одржи работна средба за формирање на работна група за креирање законски решенија за решавање на проблемот со бездомните животни. (Сала на Уставна комисија/ 12:30)

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски ќе го посетат маркетот „Кит-Го“ во Тафталиџе. (10:15, по посетата ќе следат изјави за медиумите)

Скопје – Конференција: „Граѓанските организации – катализатори на европската интеграција на Северна Македонија“ во организација на Секретаријатот за европски прашања. (х. „Хилтон“/ 14:00)

Скопје - Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи на А5. (х. „Хилтон“, простор за земање инсерти/ 9:00)

- Прес-конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи. (10:30 – 10:50)

Скопје – Сојузот на Стопански комори на Македонија, предводени од претседателот Трајан Ангелоски заедно со членките на Сојузот ќе имаат работна средба со главниот извршен директор на Македонска берза АД Иван Штериев и неговиот тим. (Македонска берза на хартии од вредност АД, ул. „Орце Николов“ бр.75/ 13:00)

Скопје – Прес-конференција на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија. (х. „Солун“/ 13:00)

Скопје – Прв јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. (во просториите на АВМУ/ 12:00)

Штип – Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжува со настаните во рамките на одбележувањето 16 години од своето основање.

-  Отворање на Правна Клиника и уметнички, дигитални изложби и перформанси во Тренинг центар на УГД. (поранешен Универзитетски ресторан/ 11:00, изјави за медиумите/ 10:50)

Скопје – Изведба на обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – „Минливост“ изложба на слики од Тони Попов. (КИЦ – Скопје, Салон Империјал 2/ 19:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан