• четврток, 09 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

5 декември 2023 

 

Скопје – Седници на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00 / 14:00)

Скопје – Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ во организација на ОБСЕ на која свои обраќања ќе имаат: првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадор Килиан Вал, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин. („Мала станица“/ 10:00)

Скопје – Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе се обрати на настанот во рамки на кампањата „Сложувалка“ под името „Дискриминацијата, економската зависност и недовербата - корен на родово базираното насилство“ во организација на Министерството за труд и социјална политика и канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршката на Британската амбасада во РСМ. (во холот на ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“, општина Шуто Оризари/ 14:00)

Битола – Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе се обратат на настанот во рамки на кампањата „Сложувалка“ под името „Насилството низ призмата на културата - гласно и болно, но борбено“ во организација на Министерството за труд и социјална политика и канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршката на Британската амбасада во РСМ. (Музеј Битола, во Голема сала за изложби/ 18:00)

Скопје – Прес конференција на раководниот тим на Еуромакс Ресоурцес. (х. „Хилтон“/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на  Европски Сојуз за Промена. (пред Министерството за финансии/ 13:00)

Скопје – Матицата на иселениците од Македонија и Општина Карпош организираат трибина „130 години МРО“ и промоција на книгите „120 години од Илинденското востание“ и „Македонското прашање во документите на Коминтерната“. (Кинотека на Северна Македонија/ 12:00)

Скопје – Промоција на книгата „КАДУЦЕЈ И ЛИРА“ од Сузана В. Спасовска. (КИЦ, Салон – Империјал 2/ 19:00)

Скопје – Промоција на монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (од архивските материјали на Васил Хаџиманов)" од Ана Мартиноска и Жарко Иванов, во издание на Институтот за македонска литература (2023). (кино „Фросина“/ 19:00)

Велес – Меѓународен вински натпревар посветен на сортата вранец - Vranec Selection by CMB.

Скопје – Ретроспективна инклузивна танц претстава на Dancers United. (Музеј на македонската борба/ 20:00)

Битола – Концерт „Балет за четири раце", пијано дуо Костова-Базгалоска. (Офицерски дом/ 19:00)

Скопје – „Музеј на детството“ самостојна изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили од Приштина, Косово. (Чифте амам/ 19:00)

Скопје – Самостојна изложба ,,Гласна тишина” на Мартина Спасовска. (МКЦ/ 20:00)

Скопје – Агенцијата за млади и спорт организира прес-конференција за националниот тим во кик бокс по повод остварените резултати на WAKO Светското сениорско првенство кое се одржа во Португалија. (Агенција за млади и спорт/ 12:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан