• петок, 22 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

8 март 2024

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 146-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на Законодавно правната комисија. (Сала 4/10:30)

Крива Паланка - Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка. (Ранковце,  Локација  /12:30)

Скопје - Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев и директорот на корејска Царина, Ко Квангхуо ќе одржат прес-конференција. (Царинска управа/14:30)

Скопје - Тимот на Европа и ОН ќе ја доделат наградата „Европска жена на годината“ за 2024 година. (фоаје на Национална опера и балет/10:00)

Скопје - Марш за женски права „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“ во организација на Платформа за родова еднаквост. (Плоштад „Скендербег“/17:00)

Скопје - Трибина на тема „Жени во политиката“ по повод годишнината од формирањето на Антифашистичкиот фронт на жените на Левица (АФЖ-Л) и во чест на Денот на жената - 8 Март, во организација на ПП Левица. (КИЦ, салон 19:19/19:00)

Тетово - Универзитетот во Тетово ќе одржи свечена академија по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената. (Амфитеатар „Севасти и Парашќеви Ќиријази“, Ректорат/11:00)

Скопје - По повод 8 Март ќе биде прикажана дигиталната изложба „Жените во ретката периодика“ од авторите Марина Мијаковска и Милица Ивановска. (НУБ „Св. Климент Охридски“/11:00)

Скопје - Изложба на цртежи и честитки со тема Цртам за мојата мајка, изработени од деца од детските градинки од Скопје. (Детски културен центар „Карпош“/10:00)

Скопје - „Snapshots“ изложба на фотографии на филм на Иво Дамјановски. (КСП Центар ЈАДРО/19:00)

Скопје - Изведба на претставата „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. (Драмски театар, мала сцена/20:00)

Скопје - Концерт на Артан Лили од Белград и Занаду од Скопје. (МКЦ/21:00)

Охрид - Концерт на светски познатиот тенор Федерико Сера од Италија во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара во организација на НУ „Охридско лето“. (Црква „Света Софија“/19:00)

_______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан