• петок, 05 декември 2025
МИА најави МКД

2 ноември 2025

Битола - Здружението на лица со телесен инвалидитет од Битола, Демир Хисар и Ресен-Мобилност Битола организира дефиле на Широк сокак на лицата со телесен инвалидитет. (Плоштад Магнолија/10:00)

Битола - Работилница за лица со телесен инвалидитет на тема „Стоп за маргинализација и раслојување“. (Ресторан „Корзо“/11:00)

Скопје - Концерт на женскиот хор „Фрида од Македонија“ насловен „Фрида Музикотерапија“, во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“. (Музеј на македонската борба за самостојност/20:00)

Скопје - Модно случување „FASHION FREEDOM: STOP THE BULLYING“ во организација на SIEC Macedonia. (Diamond of Skopje, Residences A, Carat West Offices/16:30)

 

Локални избори 2025

 

Скопје - Прес-конференции на Државната изборна комисија. (9:30); (11:30); (13:30); (15:30); (19:00); (19:30) и (По комплетирање на целосните податоци од вториот круг на Локалните избори 2025)

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на вториот круг од Локалните избори 2025 ќе гласа на избирачкото место 2866 во ООУ „Коле Неделковски“, ул. „Антоние Грубишиќ“ број 8, во Општина Центар. (12:00)

Скопје - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе го оствари своето гласачко право  на избирачкото место во ОУ „Димо Хаџи Димов“, во Општина Карпош, Влае. (11:30)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ќе го оствари своето гласачко право на избирачкото место 2789 во новата детска градинка во Драчево во м.в Потстаница, во Општина Кисела Вода. (11:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари Ерџан Демири, ќе го оствари своето гласачко право на избирачкото место 2957 во ОУ „26 Јули“. (12:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, ќе го оствари своето гласачко право на избирачкото место во ОУ „Петар Поп Арсов“. (9:00) 

Скопје - Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Дејан Митески, ќе го оствари своето гласачко право  на избирачкото место во  ООУ „Гоце Делчев“, населба Горно Лисиче. (10:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, ќе го оствари своето право на глас на избирачко место бр. 2861, во ООУ „Коле Неделковски“, на адреса ул. Антоние Грубишиќ бр. 8, во Општина Центар. (11:00)

Тетово - Кандидатот за градоначалник на општина Тетово Билал Касами ќе гласа во просториите на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. (12:00)

Кичево - Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ќе го оствари своето избирачко право на избирачкото место во селото Зајас. (7:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан