• четврток, 27 јуни 2024
МИА Најави - МКД

24 октомври 2023

Прага - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери учествува на Вториот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа.

Скопје - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи две седници. (Сала 5/10:30 и 12:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 6/11:00)

Скопје - Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи ќе ја отвори годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ се одржува во Скопје. 

Скопје - Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема: „Финансиските друштва во кампања за финансиска едукација за заштита на личните податоци“. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1 на петти кат/11:00)

Скопје - Денови на медиумска писменост:

-Свечено отворање на Денови на медиумска писменост (Рагуза 360, Скопје / 10:00)

-Панел „Градење општествена одговорност кон штетните влијанија на дезинформациите“ (Рагуза 360, Скопје/10:30 )

-Панел „Постојано поврзани: Влијанието на дигиталниот свет врз децата и младите“ (Рагуза 360, Скопје/11:45 )

-Работилница „Низ дигиталното – нови предизвици за медиумската писменост“ (Рагуза 360, Скопје/13:00)

Скопје - Годишна конференција на ОН за 2023 „Слобода, еднаквост и правда за сите". (х. „Александар Палас“/ 10:00, изјави за медиумите во 12:30)

- Прием по повод Денот на Обединетите нации. (хотел „Александар Палас“/ 13:00)

- Изложба на најдобрите цртежи добиени на Конкурсот на ОН за деца и млади на тема човекови права.  (Музеј на современа уметност/17:00)

Скопје - Mакедонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС) ќе одржи брифинг за претстојната инаугуративна конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија". (Просториите на МАРЕС, ул „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 07/12:00)

Скопје - Евротинк – Центар за европски стратегии ќе ги презентира резултатите од спроведената анкета ЕВРОМЕТАР 2023. („Холидеј ин“ /11:00)

Скопје -  Презентација на водичот „Северна Македонија: природа, планинарство и култура“ од авторот Алесио Ликуори во рамки на Неделата на италијанскиот јазик во светот. (Europe House/ 17:00)

Скопје - Промоција на сликовницата за возрасни „Сликовница...зборовница“ од Мила Гулеска- Ноневска. (Кафе книжарница „Буква“/12:00)

Скопје - Предавањето на премиум, рачно изработено пијано „Петроф“ на Националната опера и балет на Северна Македонија и концерт на чешките пијанистки Ема Једличка Гогова и Ина Асламас - Дуо Асламас - Гогова. (17:30)

Скопје - Златна лира 2023: Концерт на Александра Коцевска - мецосопран и Глигор Гелебешев - пијано. (Музеј на македонската борба/ 20:00)

Куманово - Отворање на изложбата „Мементо мори“ на уметникот Страхил Петровски. (Уметничка галерија/20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан