• вторник, 23 април 2024
МИА Најави МКД

16 март 2023

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 106. седница. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 6/ 10:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/ 14:00)

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на вториот состанок на Советот на социјална сигурност, на кој ќе се усвојува и потврдува зголемувањето на пензиите. (Свечена сала во Владата на РСМ/ 12:30, по завршување на настанот ќе се одржи прес-конференција)

Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу двете институции. (х. „Парк и Спа“/ 13:00, по што ќе следат изјави за медиумите)

Скопје – Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика/потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел во посета на Република Северна Македонија.

Ново Село/Босилово – Граѓански форум: Селекција на отпад за почиста животна средина, завршна активност на проектот „Селекција и рециклажа на отпадот за намалено загадување во општините Струмица, Ново Село и Босилово“, што го спроведува Зелен институт. (во салите на советите на општините Ново Село и Босилово/ 11:00 – 13:00)

Скопје – Потпишување Меморандум за соработка помеѓу членките на Форумот на граѓански организации на помалубројните заедници како дел од целите на акцијата „Коалиција на граѓански организации – Форум на помалубројните заедници во Република Северна Македонија“. (Центар за социјални претпријатија, кај музејот „Мајка Тереза“/ 11:00)

Скопје – Заедничка изјава на Васко Илијевски, претседател на АСОМ и на Горан Стоименов, претставник на АПИС. (во паркот „Жена борец“ спроти Собрание на РСМ/ 11:00)

Скопје – Промоција на две монографски изданија на Институтот за македонска литература - „Книжевен бинокулар" од Соња Стојменска - Елзесер и „Македонската книжевна критика во XIX век" од Славчо Ковилоски. (КИЦ – Скопје/ 19:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан