• петок, 26 јули 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

18 март 2023

Охрид - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот меѓу Белград и Приштина кој го водат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, под покровителство на Европската Унија.- пред почетокот на дијалогот, премиерот Ковачевски ќе се сретне со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, а ќе одржи и тет-а-тет средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.- по завршувањето на средбите и официјалниот почеток на состанокот на високо ниво, премиерот Димитар Ковачевски, ќе има обраќање до медиумите кои се акредитирани на настанот на повикот на Делегација на Европската Унија, во 10:30 во хотел Инекс Олгица. На обраќањето не се предвидени новинарски прашања. (Линк на кој може да се проследи официјалното обраќање на премиерот Ковачевски)

Скопје – Седмо изборно Собрание на Форумот на жени на СПМ. (СПМ, Голема сала/ 12:00)

Скопје – Одбележување на Светскиот ден на оралото здравје. (во живо преку каналот на Анни Медиа, анни медиа - YouTube/ 12:15 – 15:00)

Демир Капија – Акција за пошумување на опожареното подрачје - КО Драчевица, Демир Капија во организација на ЈП Национални Шуми и Сојуз на извидници на Македонија.

Скопје – Изведбата на современата балетска бајка „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. (Национална опера и балет/ 12:00)

Скопје - Концерт за деца „A Zoo Called Earth“ со оркестарот на Филхармонија. (Македонска филхармонија/ 12:00)

Скопје – Промоција на второто албумско издание на тандемот Добрила Грашеска / Дориан Јовановиќ под наслов „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“. (во Макка Бар, бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 60/ 13:00)

Струмица – Изложба на цртежи „Улицата Волт Дизни“ на Марија Трпеска. (бар „Нагоре“/ 21:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан