• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

24 септември 2025

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски на увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, Општина Ѓорче Петров. (10:00; предвидена изјава за медиумите) 

Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу ќе одржи прес-конференција. (Министерство за здравство, горна сала/10:00) 

Скопје - Гувернерот Трајко Славески и евроамбасадорот Михалис Рокас ќе се обратат на воведната конференција на проектот „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“ финансиран од ЕУ.  (Музеј на Народна банка/10:00)

Скопје - Седница на Уставен суд. (9:00)

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи третиот јавен состанок за 2025 година. (12:00)

Скопје - Здружението за кривично право и криминологија на Македонија ќе одржи работилница на која ќе биде презентирана студијата „Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал - Интегритет и независност на кривичното правосудство на Западен Балкан“. (МАНУ/10:00)

Скопје - Одбележување 24 години мотивација, посветеност и резултати на Централен регистар. (Клуб на пратеници/11:00, изјави за медиумите/12:00)   

Скопје - Четврта годишна соларна конференција во организација на Здружението за сончева енергија, Солар Македонија. (х.„Александар Палас“, сала 1/11:00)

Штип -  Одбележување 25 години издавачка дејност на Земјоделскиот факултет при УГД. (Земјоделски факултет, Кампус 2 на УГД/11:00)

Скопје - Јавна дебата на тема „Фемицидот – Невидливото злосторство: Време е за Закон“ во организација на Новинари за човекови права. (Центар-Гнездо/11:00) 

Велес - Прв граѓански дијалог за депонијата на фосфогипс од Хемиска индустрија Велес во склоп на проектот FIC-FIGHTERS. (Europe House Велес)

Битола - Прес конференција со лауреатот Дариус Конџи, добитник на Златна „Камера 300“ за животно дело. (Офицерски дом/10:00)                                      

Скопје - Врачување на поетската награда „Даница Ручигај“. (Друштво на писателите на Македонија/12:00)

Софија - Македонско читателско гнездо во рамките на Четиринаесеттото издание на „Ноќта на литературата“. (Клуб „Паве“ на ул. „Вилијам Гладстон“ бр. 68, во зградата на Столична библиотека/18:00)

Валпово - Концерт насловен „Ритамот на душата-бојата на традицијата“ на Н.У Ансамбл „Танец“. (Културен центар „Матија Петар Катанчиќ“, Валпово, Република Хрватска/19:30)

Скопје - Поетски перформанс „Војна“ на Козмин Перцакој. (Кафе-книжарница „Буква“/20:30)

Скопје - Отворање на изложбата „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“. (Кафуле „Излет“/19:30)

Скопје - Отворање на изложбата „Системи на кршливост“ на Ана Трајковска и Доротеј Нешовски. (Национална галерија, објект Мала станица/19:30) 

Скопје - Отворање на изложба на цртежи и слики на академската сликарка Јана Јакимовска. (Културно-информативен центар/20:00)

Прилеп - Концерт во рамки на караванот „Македонијо во срце те носиме“. (Плоштад „Методија Андонов – Ченто“/20:00)

Скопје - Слушачка промоција на вториот албум на скопскиот бенд Карла Левински - Нова зграда LP, издание број 113 за Шарла Рекордс. (Кафе бар Котур/18:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан