• петок, 17 мај 2024
МИА Најави МКД

14 јуни 2023 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 117-та, 41-та, 66-та, 91-та, 95-та, 99-та, 100-та, 111-та, 112-та и 115-та седница. (Сала „Македонија“/11:00/13:00/13:10/13:20/13:30/13:40/13:50/14:00/14:10/14:20)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/10:00)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 4/10:30)

Скопје -  Комисијата за надворешна политика ќе ги одржи 32-та и 27-та седница. (Сала „Борис Трајковски“/11:00/13:00)

Струга - Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и заменик министерот за енергетика на Украина Јарослав Демченков ќе се обратат на Меѓународната конференција посветена на економската и еколошката димензија на ОБСЕ.

Скопје - Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски и делегација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од амбасадорот Килијан Вал, ќе ја посетат единицата за службени кучиња во Хиподром каде ќе присуствуваат на свечено отворање на реконструираната административна зграда на Единицата К9. (Благоја Стевковски бб - Хиподром/9:35, изјави за медиуми/10:55)

Скопје - Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов ќе се обратат на презентацијата на Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија усвоен од страна на Мoneyval Комитетот при Советот на Европа. (Клуб на пратеници/12:00)

Скопје - Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе одржи прес-конференција. (Влада на РСМ, медија центар/11:00, на македонски јазик, https://www.youtube.com/watch?v=jFmuTmDSaFI, на албански јазик, https://www.youtube.com/watch?v=DRYaCMnzUF4)

Скопје - Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, поддржан од UN Women во рамките на проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“ организира завршен настан за презентација на резултатите од проектот. (Факултет за земјоделски науки и храна, амфитеатар 40/10:00) 

Скопје - Противпожарниот сојуз на Македонија (ПСМ), Градскиот противпожарен сојуз на Скопје (ГППС)  и Општинските противпожарни сојузи на општините од Град Скопје ( ОППС) организираат јавен настан „Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“-2023. (Градски плоштад „Македонија“/11:00)

Кавадарци - Претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов и претставници од Синдикалната организација на СИЕР при ЕУРОНИКЕЛ индустри и од ССМ ќе одржат прес-конференција. (Пред седиштето на ЕУРОНИКЕЛ индустри/13:30)

Скопје - Прес-конференција на Асоцијацијата на цистична фиброза (пред Собрание на Северна Македонија /10:00)

Скопје - Промоција на терминолошкиот речник ФИЛОЗОФИЈА во рамките на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија во организација на Лексикографскиот центар „Георги Старделов“, МАНУ. (МАНУ, амфитеатар/12:00)

Скопје - Меѓународна манифестација „Празник на липите“. (Друштво на писателите на Македонија/11:00)

Скопје - Промоција на „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова. (Музеј на Град Скопје/19:00)

Скопје - Промоција на книгата „Дипломатија и меѓународно право“ од Зоран Јовановски. (Дом на АРМ/13:00)

Скопје - Промоција на книгата „Кога вистината плаче“ од Миле Миленкоски. (Бар Ван Гог/19:00)

Скопје - Skopje Street Food Festival. (Паркинг на „Театар Комедија“/17:00)

Охрид - Етно фестивал „Охрид" со концерт на Александар Јовевски, насловен „Од колено на колено“ во организација на Здружението за интегриран развој „Арт Пријатели". (Плато пред НУЦК "Григор Прличев"/20:00)

Скопје - „Балкан опера студио“  во копродукција со Оперското студио при Театарот на Литванската национална опера и балет и македонскиот оркестар „Профундис“ под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ ќе ја изведат опера „Свадбата на Фигаро“ од Моцарт. (Национална опера и балет, мала сцена/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан