• четврток, 13 јуни 2024
МИА Најави МКД

14 јуни 2024 

Скопје - Седница на Собранието на Република Северна Македонија (Сала „Македонија“ / 11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата (Сала 6 / 10:00

Скопје - Грчката заменик-министерката за надворешни работи Aлександра Пападополу и амбасадорка на Грција во Република Северна Македонија Софија Филипиду, на средба со претседателот на Собранието Африм Гаши. (Собрание на РСМ, сала на Влада / 10:00

Скопје - Млади германски политичари од ЦДУ во посета на Собранието (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“ / 11:00

Скопје - Министерот за правда Кренар Лога ќе одржи брифинг за медиумите. (Министерство за правда / 12:00; на почетокот на брифингот ќе бидат дозволени инсерти

Велес - Меморандум за соработка ќе потпишат д-р Лилија Лилакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни доктори, и м-р Боби Бојчевски, претседател на Независниот синдикат на здравствени работници и административен технички персонал. (х.„Романтик“ / 9:30

Скопје - Прес-конференција на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“. (Европска куќа/Europe House/ 11:00

Велес  - Трибина насловена „Од белите мугри до современите текови на јазикот и книжевноста“ во организација на  Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот за македонски јазик, театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и Општина Велес, во рамките на 61. Рацинови средби. (Мала сцена на театарот „Ј.Х.К. Џинот“ / 11:00

Скопје -  Годишна завршна изложба на дела од ученици од прва до четврта година во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“-Скопје. (Простории на училиштето / 21:00

Скопје - Отворање на изложбата „Професори и студенти“ на која ќе бидат претставени дела од универзитетски професори и студенти од факултети и школи за уметност. (Галерија на Младинскиот културен центар / 19:00

Скопје - Промоција на книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ од Ана-Марија Бранѓолица. (Кафе Ли / 20:00

Скопје - Отворање на дводневниот музички хепенинг „Аеродром пулсира vol.2“. (Трговски центар „Џевахир мол Скопје“ / 19:00)

Тетово - Проекции на европски филмови во рамки на Европското патувачко кино под отворено небо во пресрет на годинашниот фестивал „Синедејс“. (Плато пред Europe House/Дом на култура / 20:30)

Скопје - Солистички концерт на хармоникашот Филип Трајковски организира Словенечкиот центар - Скопје по повод Денот на државноста на Република Словенија. (Национална галерија - Мала станица / 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан