• сабота, 11 мај 2024
МИА Најави МКД

23 ноември 2023 

 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание, Сала „Борис Трајковски“/10:30)

Тирана - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе учествува на Третиот самит на дијаспората во Тирана.

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на Третиот годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво „Жени во претприемништвото – клуч за зајакнување на економијата“. (х.„Мериот“/10:00)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, министерот за здравство,Фатмир Меџити и постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН, Армен Григоријан ќе одржат брифинг со медиумите на кој ќе ги изнесат очекувањата и позициите на државата за претстојната 28-ма Конференција на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, што ќе се одржува во Дубаи, во ОАЕ. (х.„Мериот“/11:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе ги додели договорите од јавниот повик за поднесување на предлог активности за спроведување на Акцискиот план на Националната рурална мрежа за период 2023-2027 година. (Public Room, конференциска сала/14:30)

Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (12:00)

Битола - Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска ќе се обрати на меѓународна научна конференција. (БАС-Битола/11:00)

Скопје - Европската банка за обнова и развој организира настан Млади во бизнис. (х.„Лимак“, конференциска сала, 5-ти кат/9:30)

Скопје - Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки организира Прва меѓународна научна конференција на тема „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“. (Факултет за образовни Науки./11:00)

Скопје - Манифестација „Денови на европско Скопје - 2023“ со доделување на наградите за новинарите во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. (Национална опера и балет, фојае/12:00) 

Скопје - „Ацо Шопов – Невообичаено“ во рамките на националната програма „2023, Година во чест на Ацо Шопов“ во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. (Кинотека/19:00)

Скопје - Промоција на книгата на Македонски манифест САМО МАКЕДОНИЈА по повод 15-годишниот јубилеј. (Простории на Социјалистика партија на Македонија/18:00)

Штип - Мастер клас во организација на УГД Штип. (Мултимедијален центар на УГД/12:00)

Штип - Концерт на Баба Сисоко, професорот на Музичката академија Тони Китановски и ДЈ Гоце на првото издание на УГД Фестивал на перкусии на светот. (Мултимедијален центар на УГД/20:00)

Скопје - Концерт насловен „Вдахновение“ на Македонската филхармонија. (20:00)

Скопје - „ЏЕЗТЕТ“ концерт на Георги Шарески. (Јавна соба/21:30)

_______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***



 

 

Остани поврзан