• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

1 јуни 2023

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 95., 111. и 115. седница. (Сала „Македонија“ / 11:00

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала на уставна комисија / 10:30

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 6/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (сала „Борис Трајковски“/ 11:30)

Скопје -  Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6 / 12:00

Скопје – Работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците. (Сала 5/ 12:00)

Тетово/Гостивар - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, ќе присуствува на почетокот на работите за изградба на Коридорот 8. (Патарина Тетово - Гостивар/13:00)  

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на панел дискусијата „Политики за рационализација на парафискалните давачки и реформи за повисока конкурентност" во рамки на Екононскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста". (хотел Мериот/ 10:00/ изјави за медиумите во холот на вториот кат/ 11:30)

Копаоник - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски учествува на регионалната конференција „Grow up“.

Скопје – Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова ќе го отвори официјалниот настан за почнување на проектот „Поддршка во спроведувањето на законодавството за управување со отпад и шемата за проширена одговорност на производителот“, финансиран од ЕУ. (х. „Мериот“/ 9:30, изјави се предвидени пред почетокот на настанот/ 9:15)

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и потсекретарот на Обединетите Нации и извршен директор на Програмата на животна средина на Обединетите нации (UNEP), Ингер Андерсен ќе се обратат на панел дискусијата помеѓу засегнатите страни на тема „Тројна планетарна криза“. (хотел „Double Tree by Hilton“ / 10:30)

Скопје -  Заедничка прес - конференција на министерот за здравство Фатмир Меџити, директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Александар Трајановски и раководителот на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ, д-р Далип Јахја.  (ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ)/11:00) 

Скопје – Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (на платформата ZOOM, https://us06web.zoom.us/j/87359696774?pwd=NkNSQmptV29hQTRrdUhSTzd2amRYdz09  / 10:00)

Скопје - Под покровителство на Министерството за земоделство, шумарство и водостопаство, „Агроунија“ДООЕЛ Скопје со поддршка на општина Илинден  ја организира манифестацијата „Ден на пченицата 2023“. (собирно место – Дирекција на Агроунија ДООЕЛ Општина Илинден/ 11:00 – 11:30, транспорт до опитно поле Агроунија, локалитет: до живинарска фарма „Маја Компани“ општина Илинден/11:30)

Битола - Здружението за заштита на правата на тутунарите и останатите земјоделски производители на руралните средини на пелагонискиот регион ЕКО ТАБАК Битола организира „Денови на млекото и кооперативното здружување“. (ресторан „Лозар“/12:00 часот)

Гостивар - Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, по повод Денот на децата, ќе ја посети детската градинка „Пролет“ во населбата Беличица, каде ќе биде промовирана и фасадата на детската градика и новото игралиште. (10:30) 

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на детето со претставата „Волшебникот од ОЗ“ во организација на Министерството за култура. (на „Школка“ во Градски парк/ 18:00)

Скопје – По повод „Денот на згрижувачите“ – 1 Јуни, Црвениот крст на град Скопје во соработка со Центарот за поддршка на згрижувачи организира настан во Зоолошка градина – Скопје. (11:00)

Струмица – По повод „Денот на згрижувачите“ – 1 Јуни, Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село организира Семеен ден „За повеќе детски насмевки“. (мал Градски парк/ 10:30)

Свети Николе – По повод „Денот на згрижувачите“ – 1 Јуни, Центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС Детско село организира настан - информативна сесија за потенцијални згрижувачи во Свети Николе. (во салата во зградата на општината во Свети Николе/ 17:30) 

Скопје – Единаесетто издание на „Викендот на гордоста Скопје“ започнува со изложбата „Сеќавајќи се на иднините на полскиот интердисциплинарен уметник Карол Раѓишевски. (Музејот на современа уметност / 20:30) 

Охрид – Осми Меѓународен конгрес на Здружението на педијатри на РСМ. (х. „Метропол“, езерски комплекс)

Битола - „Битолски квадрил“- Битолските ученици танцуваат (Офицерски дом / 11:00 ч.)

Скопје – Концерт насловен „Младите доаѓаат“ со ученици од средните музички училишта во Македонија. (Филхармонија/ 20:00)

Скопје – Деветти Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св. Троица“ во Долно Лисиче и општина Аеродром.

Скопје – Самостојна изложба на акварели од грчкиот уметник Пантелис Цацис со наслов „Природата како огледало“. (во галерија ОСТЕН/ 12:00)

Париз/Берлин/Вашингтон - Започнува Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа,  Париз-Берлин-Вашингтон 2023”.

Струмица – Втор Меѓународен фестивал за љубителите на велосипедизмот – „Вело Струмица“. 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан