• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

8 јуни 2023

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе се сретне со специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев. (сала на Влада/ 11:00)

Скопје – Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО) Арта Билали – Зендели  ќе се сретне со специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев. (Струшка сала/ 12:45 – 13:15)

Скопје – Членовите на собраниската Комисија за економски прашања ќе се сретнат со членовите на Комисијата за економија, земјоделство и транспорт од Парламентот на Република Чешка. (сала на Уставна комисија/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за култура. (Сала 4/ 12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/ 13:00)

Струмица – Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска ќе одржи средба со ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица. (11:00)

Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорот Килијан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе доделат грантови за реализација на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и наставни јазици на територијата на Република Северна Македонија, на училиштата кои аплицираа и се одбрани преку повикот за оваа намена во рамки на проектот „Градиме нови мостови“. (х. Александар Палас/11:00)

Скопје - Трето месечно обраќње на претседателот на Стопанската Комора на Северна Македонија Бранко Азески  на тема „Извоз, Извоз, Извоз!“. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на петти кат/11:00-12:30)

Скопје - Пакомак и Стопанската комора на Северна Македонија организираат дебата на тема „Наодите од истражувањето за состојбата со неформалните собирачи на отпад во Северна Македонија и можности за нивна интеграција во формалната економија“. (Стопанска комора, петти кат/изјави за медиуми во 12:30)

Скопје – Втора Националната конференција во рамки на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ во организација на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП. (х. „Александар Палас“/ 9:30, изјави за медиумите/ 9:15)

Скопје – Научно-стручна расправа по повод промоција на научно-истражувачкиот извештај и претставување на резултатите од истражувањето „Патеки на бездомните лица: пред и за време на бездомништвото“ што го спроведе Факултетот за безбедност Скопје во 2022 и 2023 година. (Дом на АРМ/ 11:00)

Скопје – Научен собир на тема: „Македонската борба за самостојност и за независна држава Македонија - 120 години Илинден“ во организација на Социјалистичката партија на Македонија. (во зградата на СПМ/ 11:00)

Битола – Заводот за вработување на Република Словенија и Амбасада на Република Словенија организираат претставување на словенечки работодавачи. (Офицерски дом/ 10:00)

Скопје – Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ ќе врачи специјални признанија и парична награда на 29 матуранти – првенци на генерацијата 2020/2023 и 2019/2023. (МКЦ, кино „Фросина“/ 12:00)

Гостивар – Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, ќе го прогласи министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај за „Почесен граѓанин“. (во просториите на општина Гостивар/ 11:00)

Тетово – Седница на Советот на Општина Тетово. (во Салата на Советот/ 11:00)

Скопје – „Звукот на новата генерација“ концерт со студенти од Факултетот за музичка уметност. (Филхармонија/ 20:00)

Битола – Меѓународен натпревар „Пијанофест Битола 2023“. (Офицерски дом / 19:00)

Скопје –  „Поетроника“, проект кој претставува повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо во изведба на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе како резултат на нивната посветеност и повеќемесечно експериментирање. (Македонски народен театар/ 21:00)

Скопје – Скопска премиера на претставата „Драги уметници“ во режија на Маја Ѓурчевска. (во театар „Чекори“/ 20:00)

Скопје – Самостојна изложба на ликовната уметници Марта Поп Антоска Башевска. (во Уметничкиот центар АРТ ХАБ, ГТЦ, кат 2, локал 306/ 20:00)

Скопје – Изложба насловена „MOON LIGHT“ на Александра Вељановска. (на зелениот покрив на објектот ЈУ Дом за култура „Кочо Рацин/ 13:00 – 21:00)

Скопје – Ад Астра вол.2. (во Националната галерија во просториите на „Мала станица“/ 19:00)

Белград – Три македонски кинотечни филмови на програмата на 25. фестивал „НИТРАТ“ во Белград.

Прага – Македонски павилјони на сцената на Прашкото квадриенале 2023.

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан