• петок, 05 декември 2025
МИА Најави - МКД

19 октомври 2025

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе гласа на избирачкото место 2866 во ООУ „Коле Неделковски“. (ул. „Антоние Грубишиќ“ број 8, во општина Центар/11:00)

Скопје - Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе гласа на избирачкото место во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, Општина Карпош. (11:30)

Скопје - Прес-конференции на Државната изборна комисија за локалните избори 2025. (9:30, 13:30, 19:00)

Скопје - Изјава на шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР за локалните избори Матео Мекачи. (ОУ „Лирија“, ул. „Цветан Димов“ 94/11:00)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе гласа во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје. (9:00, изјава за медиуми во 9:15 часот пред училиштето)

Скопје - Претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе гласа на гласачко место 2601/1 во ООУ „Војдан Чернодрински“. (12:00)

Зајас - Претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе гласа на избирачкото место во село Зајас. (14:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе гласа на избирачкото место 2789 во новата градинка во Драчево во Потстаница, Општина Кисела Вода. (Локација: https://maps.app.goo.gl/ZwDazQJ3grqny7XVA?g_st=iv/11:00)

Скопје - Кандидатката за градоначалничка на СДСМ за Град Скопје Каја Шукова ќе гласа на гласачко место 2606 во ООУ „Јан Амос Коменски“. (11:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски ќе гласа на избирачкото место 2571/1 во ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров. (10:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска - Трајкоска ќе гласа на избирачкото место 2779 во ОУ „Рајко Жинзифов“ во населба Драчево. (09:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Гази Баба Бобан Стефковски ќе гласа на избирачкото место 2447 во ОУ „Григор Прличев“ во населба Железара. (9:45)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Бутел Дарко Костовски ќе гласа на избирачкото место во ОУ „Свети Климент Охридски“. (10:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош Сотир Лукровски ќе гласа на избирачкото место во ОУ „Петар Поп Арсов“. (9:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Аеродром Дејан Митески ќе гласа на избирачкото место во  ООУ „Гоце Делчев“ во населба Горно Лисиче. (10:00)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Центар Горан Герасимовски ќе гласа на избирачко место бр. 2861 во ООУ „Коле Неделковски“. (10:00)

Скопје -  Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од НАИ, Бујар Османи, ќе гласа во Основното училиште „7-Март“ во општина Чаир. (10:30)

Скопје - Кандидатот за градоначалник на Општина Сарај Блерант Рамадани од Национална алијанса за интеграција ќе гласа во ОУ „Бајрам Шабани“ во село Кондово. (10:30)

Тетово - Кандидатот за градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами од Коалицијата ВРЕДИ ќе гласа во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. (12:00)

Скопје - Онлајн прес-конференции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. (11:00, 14:00, 17:00 и 21:00/Фејсбук страна и Јутуб каналот на ЦИВИЛ)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан