• петок, 19 јули 2024
МИА Најави МКД

10 јуни 2024

Скопје - Средба со претседателот на Собранието Африм Гаши со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. (Собрание, стар кабинет/12:00)

Скопје - Средба со претседателот на Собранието Африм Гаши со швајцарската амбасадорка, Вероник Улман. (Собрание, стар кабинет/13:00)

Скопје - Средба со претседателот на Собранието Африм Гаши со постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак. (Собрание, стар кабинет/14:00)

Скопје - Воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од состав на командата за операции со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата. (касарна „Страшо Пинџур“, Петровец/10:00; пристигнување на медиумите најдоцна до 09:30)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи шестата седница. (12:00) 

Скопје - Судскиот совет ќе ја одржи  490-та седница. (9:30)

Скопје - Институтот за акредитација на Република Северна Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на акредитацијата. (х. „Александар Палас“, Конгресна сала 4/11:00)

Скопје - Меѓународен симпозиум насловен „Земјата која се промислува постојано - креативен геофилозофски патопис“. (Музеј на современата уметност – Скопје/10:00 до 17:00)

Скопје – Отворање на изложбата  „Д-р Александар Сингер- Народен лекар“. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија/19:00)

Скопје - Промоција на новиот роман „Кој го уби Едгар Алан По“ на писателот Владо Јаневски. (кафе-книжарницат „Буква“-Скопје/20:00)

Скопје - Соло танцовиот перформанс BATTY BWOY, во изведба на норвешко-јамајскиот изведувач и кореограф Harald Beharie. (Денсинг салата во МКЦ/20:00)

Скопје - Промоција на новата песна „Место“ на младите артисти Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb. (во Laboratorium/ 21:00) 

__________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан