• сабота, 11 мај 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

19 септември 2023 

 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 126. и 120. седница. (Сала „Македонија“/11:00 и 13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/10:00)

Скопје - Законодавно правната комисија ќе ги одржи 209. и 200. седница. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Посета на делегација од Комисијата за европски прашања од данскиот Парламент:

- Средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. (Сала на Влада/10:15 - 10:45)

- Средба со Арта Биљали-Зендели, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Северна Македонија и членовите. (Сала на Уставна комисија/10:50 - 11:150) 

-Средба со Марија Георгиевска, претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска и членовите. (Сала на Уставна комисија/11:55 - 12:25)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи прес-конференција. (Медија-центарот на Владата/14:00, Линк до видео на македонски јазик  Линк до видео на албански јазик)

Охрид - По повод 65-годишнината од образованието по социјална работа и социјална политика, Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира меѓународна конференција на тема „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“.  (х.„Инекс Олгица“/ изјави за медиумите/17:00 - 17:30)

Скопје - Панел дискусија „Измени на Кривичниот законик: европско знаме за дезинтеграција?“ во организација на Балкански центар за конструктивни политики-Солуција. (Простории на БЦКП „Солуција/11:00)

Радовиш - Делегација на Генералната дирекција за водостопанство на Република Турција во посета на Општина Радовиш. (Општина Радовиш/10:00)  

Скопје - Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и потпретседателот на ССМ за јавен сектор и претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски ќе одржат прес-конференција. (ССМ, 10 кат/10:30)

Скопје - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ќе го означи почетокот на изградбата на речно корито и трим патека на река Серава. (Населено место Радишани, на спортско-рекреативниот центар "Македонија"/10:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Агро Синдикатот, Игор Китаноски, претседателот на Синдикалната подружница на АД Водостопанство на Македонија во државна сопственост – Скопје, Коста Малзарков  и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. (Влада на РСМ/ 12:00) 

Скопје - Промоција на „Видеологија II“, збирка филмски рецензии од Златко Ѓелески. (Младински културен центар, кино „Фросина“/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата насловена „Денот потоа“ од авторот Шќипе Мехмети. (Ј.У Дом на култура„Кочо Рацин“, галерија „КО-РА“, голем салон/20:00)  

Скопје - Отворање на изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на Ѓорѓе Јовановиќ. (Музеј на современетата уметност/20:00) 

Скопје - „Омеѓени приказ(н)и“ изложба на цртежи од Тони Васиќ. (Културно-информативен центар, салон Империјал 1/20:00)

______________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан