• понеделник, 25 ноември 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави  - МКД
14 февруари 2020  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 135. седница (11:00) и ќе ја почне 136. седница. (15:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 4/12:00) Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасосвски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорот на Државен студентски дом „Скопје” - Скопје, Дарио Николовски, ќе присуствуваат на отворањето на блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. (9:30, изјави за медиуми/9:45) Неготино - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата, Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе го посетат тиквешкиот регион, Неготино, Кавадарци и Демир Капија, по повод празникот Св. Трифун. - премиерот Спасовски и министерот  Димковски ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово“, по што е предвидена изјава за медиумите од министерот Димковски. (Локација Лепово/11:00, тргнување од Дрводекор спроти х.„Холидеј ин“/9:15) - изјава за медиумите заменичката на претседателот на Владата, Мила Царовска. (Винарска визба Попова Кула, Демир Капија/10:00) Минхен - Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на 56–та Минхенска безбедносна конференција во Минхен, Сојузна Република Германија Скопје  Прес- конференција на министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД “Национални енергетски ресурси“  Бајрам Реџепи за Јавниот оглас за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас. (Министерство за економија/10:30)

Скопје - Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот (НКСНЕБТ), Министерството за внатрешни работи во соработка со Делегацијата на Европската Унија и Карабиниери во соработка со Агенцијата „Studiare Sviluppo“ од Република Италија, ќе го претстават Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“. (Влада на РСМ, свечена сала/9:30)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 27 седница. (ДКСК/12:00) Скопје - Стручна презентација на тема „Леукемија болест што се лекува„ на која д-р Светлана Кочева, ќе ги презентира податоците за успешноста на излекувани деца од педијатриски леукемии во земјава во организација на Универзитетската Клиника за детски болести.  (Амфитеатар во деканатот при Медицинскиот факултет/11:00) Скопје - Евротинк-Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го презентираат петтиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за електронски комуникации. (хотел Солун/10:30) Скопје/Ајватовци -Одбележувањето на големиот верски празник и празник на лозарите Свети Трифун -Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“ (8:00) -Во населеното место Ајватовци, во Општина Илинден по седми пат ќе се одржи традиционалниот „Саем на домашно вино“. (9:00) Крушево - Второ издание на фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“ (Кога си во Крушево-зимата е тука“). Скопје - Групна изложба „На работ“ на уметниците Ана Трајковска, Ива Станкова, Илија Прокопиев и Доротеј Нешковски. (Галерија Акантус/20:00) ______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан