• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
28 јануари 2020  Скопје - Средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера, заменик-генералниот директор за поштенски режим на Министерството за транспорт, мобилност и урбани работи, и шеф на Проектот, Рафаел Креспо Арсе, претседателот на Европскиот комитет на поштенски регулатори, Херман Васкез Асенхо; делегираната советничка на Твининг-проектот, Ева Марија Пикос Перез, како и претставници од Агенција за пошти, а во врска со Твининг-проектот МК14IPAOT0118 меѓу Кралството Шпанија и Агенцијата за пошти на Северна Македонија. (Сала 5/10:30) Скопје - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи две седници 105 и 107. (Сала „Борис Трајковски“/11:00/14:00) Скопје - Претседтелот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе присуствува на тркалезната маса „Патот кон НАТО и Европската унија-предизвици и перспективи“ во организација на Советот на амбасадори. (Клуб на пратеници/11:00) Брисел - Претседателот на Собранието на РСМ Талат Џафери ќе учествува на Самитот на претседатели на Парламентите на земјите од Западен Балкан и на Европскиот парламент кој го организира претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. Брисел - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и советникот за економски прашања при Владата на РСМ, Фатмир Бесими ќе присуствуваат на панел - презентација на студија насловена „Европскиот пат на Република Северна Македонија: Постигнување на побрз, поинклузивен и одржлив раст“. (Претставништво на УНДП/11:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорката на Швајцарија во РСМ, Сибир Зутер Техада ќе потпишат меморандум за соработка за проектот Образование за вработување во Северна македонија со Курт Витрих, тим лидер на проектот. (Министерство за економија, 6 кат/10:30) Скопје - Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати,  ќе одржи средба со Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз, Амбасадор на САД во Република Северна Македонија. (Уставен суд/14:00, пристигнување на сниматели и фоторепортери/13:50) Скопје - Прва сесија од вториот циклус на Работната група 1 (Земјоделство и рурален развој - Поглавје 11) од Националната конвенција на ЕУ на тема „Уредување на земјоделските пазари“. (Клуб на пратеници/9:30) Скопје  - Завршниот настан за промоција на резултатите на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ во организација на Коалиција на младински организации СЕГА. (х.„Холидеј ин“/11:00,изјави за медиуми/10:45) 
Скопје - Промоција на Италијанско - македонската Стопанска комора по повод едногодишното работење во Македонија. (х.„Солун“/9:30)
Кочани - Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостпанство ќе ја претстави Мерката 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020. (Сала за совет при општината/11:00)
Скопје - Здружението „Борка - за секој нов ден“ ќе одржи трибина за ракот на грлото на матка. (Порта Македонија/11:00, изјави за медиуми во 10:45) Скопје - Иницијативата на жени на Шуто Оризари ќе одржи прес-конференција. (Пред влезот на амбулантата Шуто Оризари, ул.„Индира Ганди“ бб/10:30) Скопје -  Проекција на филмот „Травники: училиште за џелати“ по повод 75 години од ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц - Биркенау, во организација на Амбасадата на Руската Федерација и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (Меморијален центар на холокаустот на Евреите во Македонија/11:00)

Прилеп - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе биде во посета на општините Прилеп и Долнени. (Изјава за медиуми пред просториите на регионалната Стопанска комора Бул.Гоце Делчев 47-а Прилеп/13:20)

________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан